Горан Поповски: Со 2 третмани лекуваме заболени синуси, го подобруваме дишењето и ја смируваме кашлицата на децата

Овој скопјанец се обучувал за ајурведски терапевт во ајурведските центри во Индија, а потоа и низ повеќе европски центри. Веќе многу луѓе токму кај него го нашле решението за својот проблем. Со помош на ајурведска масажа ѝ помогнал на жена која преживеала мозочен удар и со само три третмани се вратила функцијата на десниот дел од нејзиното тело. Исто така, со само два Насја третмани им помогнал на многу деца со проблеми со синуси, кашлица и отежнато дишење.

0
2174

Ајурведската медицина е официјално прифатена од страна на СЗО како природен начин на лекување уште во далечната 1977.година. Ајурведата во Индија и во некои делови од Азија се применува уште од дамнина, а првите записи за неа се појавиле пред 6 илјади години и се пренесувале на идните поколенија. Се смета дека во светот денеска населението сѐ повеќе се лекува со оваа природна метода отколку со модерната медицина.

А кога човек има некој здравствен проблем, се разбира дека ќе проба сѐ, особено кога за некое решение за својот здравствен проблем ќе слушне од ‘страдалник’.

Скопјанецот Горан Поповски, инаку учител по јога, за ајурведски терапевт се обучувал во ајурведските центри во Индија, а потоа и низ повеќе европски центри.

Веќе многу луѓе токму кај него го нашле решението за својот проблем. И самиот со својот проблем со спинална дискус хернија, за кој му била препорачана операција, нашол решение прво во јогата, а потоа и во ајурведските третмани.

Основната цел на ајурведските третмани, вели тој, е да се прочисти телото од неразградената и неискористена храна, наречена ‘ама’ или отрови кои се акумулираат во телото и предизвикуваат болести. Овој прочистувачки процес во ајурведата се нарекува ‘панчакарма’ и се користи за намалување на симптомите, зајакнување на имунолошкиот систем и враќање на хармонијата и рамнотежата во телото.

Вели дека во зависност од проблемот што ве измачува можете да одбирате помеѓу неколку видови на ајурведски тремани, а тие се покажале како ефикасни во многу случаи од неговата досегашна кратка пракса. На пример, со помош на ајурведска масажа ѝ помогнал на жена која преживеала мозочен удар и со само три третмани се вратила функцијата на десниот дел од нејзиното тело, десната нога и десната рака, а особено се покажало позитивното влијание од масажата за смирување на неконтролираното тресење на ногата. Исто така, ефикасни се покажале ‘Насја’ третманите во смирувањето на кашлицата кај децата, а со само два вакви третмани им помогнал на многу деца со проблеми со синуси, кашлица и отежнато дишење.

„За разлика од другите медицини, ајурведата може да биде и  превентива, а не само начин на лекување на заболувањата што значи дека таа може да се применува постојано. Исто како и кај возрасните, ајурведските третмани се одлични и помагаат за одржување на здравјето и кај децата. Тие придонесуваат за одржување на дневните навики на детето, помагаат во истегнување на најпотребните екстремитети на детето, како и во воведувањето на здрави навики за исхрана уште од најмала возраст. Искуства со ајурведски третмани кај деца сме имале многупати досега и тие секогаш резултирале со позитивен бенефит “, вели Поповски.

Според него, ајурведските третмани се практикуваат за да може да се балансираат сите неправилности и дисбаланси кои се јавуваат во човечкото тело.

„ Кај нас моментално се практикуваат 10-тина видови на ајурведски третмани иако ги има многу повеќе.

Најосновната е  Abhyanga – ајурведскиот маслен третман кој е составен дел од секојдневната рутина препорачана од овој систем за лекување за целокупното здравје и благосостојба. Традиционалните ајурведски текстови се полни со придобивките од овој третман.
Некои од придобивките поврзани со редовното изведување на овој пријатен секојдневен ритуал се: Зголемена циркулација, особено кон нервните завршетоци тонирање на мускулите и целата физиологија, смирување за нервите, подмачкување на зглобовите, зголемена ментална будност, подобрена елиминација на нечистотиите од телото, поцврста, спокојна кожа
Зголемено ниво на издржливост во текот на денот, подобар, подлабок сон во текот на ноќта.

Потоа имаме Padabhyangam –кој претставува древен маслен третман за релаксација и вкочанетост во нозете и стапалата.
Лековитото масло кое се користи при овој третман е моќен антиоксидант и лесно се апсорбира во кожата, ткивата, лигаментите, мускулите итн.
При овој третман на нозете се ослободуваат токсините,  длабоката вкочанетост и се опушта целото тело. Во стапалата се наоѓаат седум илјади нервни завршетоци поврзани со сите делови на телото.
Udvartana која е број еден ајурведски третман е природен начин за намалување на телесната тежина која се изведува со многу ретки прашоци кои продираат директно во целото тело. И секако, и останатите третмани за различни состојби, но да не ги набројуваме сите“, објаснува нашиот соговорник.

Тој самиот за првпат искусил ајурведска масажа пред повеќе од 20 години. „Можам да кажам дека чувството е исцелувачко, а откако се обучив и самиот, задоволството кога знаеш дека она што го изучуваш ќе придонесе за подобрување на општото здравје и благосостојба на секој човек, е уште поголемо“, вели Поповски.

Според него, иако ајурведата и јогата честопати се поврзани и делуваат заедно, сепак ајурведата може да се третира и како одделна терапија и начин на живот кои придонесуваат за општо здравје и благосостојба.

„Имаме многу клиенти кои директно не контактираат и се распрашуваат за третманите кои секојдневно ги нудиме и рекламираме на социјалните мрежи независно од тоа дали посетувале јога часови или не. Можам да кажам дека интересот на луѓето за ајурведата и сѐ она што таа го нуди како благодет секојдневно расте, што навистина многу ме радува“, завршува Поповски.

 

 

 

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]