Цел живот зборувате дека своите деца ги сакате подеднакво, но тоа е, всушност, една голема лага… Науката потврдила дека родителите сепак имаат фаворит меѓу своите деца. Социологот Катарина Когер објавила истражување коешто го докажува она во што сите еднаш сме се посомневале.
Имено, Когер и нејзиниот тим на истражувачи следеле 384 семејства чии деца се родиле во растојание од четири години. По пат на ова откриле дека дури 74 отсто мајки и 70 отсто татковци имаат поинаков третман кон своите деца.
– Нашата хипотеза беше дека родителите на прво место ги ставаат помладите деца, поради нивните години и вниманието кое им е константно потребно – изјавила Когер.
Меѓутоа, истражувањето докажало дека ваквото мислење е сосема погрешно. Првородените деца се тие кои родителите ги фаворизираат, додека помладите деца се чувствуваат запоставено, што влијае и на нивната самодоверба.
По добивањето на резултатите, научниците сфатиле дека помладите деца не го добиваат овој посебен третман, бидејќи нивните браќа или сестри имале можност сите облици на активности да ги пробаат први и така да ги воодушеват родителите.
На децата навистина им е многу тешко да се борат за предност кај родителите, но да имате брат или сестра исто така има свои предности. Растењето со некого чијашто љубов кон вас е безусловна, како што е љубовта на браќата и сестрите, може да влијае на интелигенцијата и градењето на стабилни човечки односи во иднината. Исто така, секогаш ќе има некој да ви пружи поддршка, без разлика за што ви е потребна.
Најдобар совет за децата е да постапуваат кон родителите исто како и тие кон нив, зда ги убедат дека ги сакаат подеднакво!
Фото: Shutterstock/www.yumama.com