Како да го научите детето убаво да се однесува на јавно место?

Постојат два вида на однесување: она коешто произлегува од искрената грижа за другите и она, коешто потпаѓа под категоријата формалност. Детето со развивањето на социјалните способности ги развива и двата вида на однесување, како и емпатијата.

0
1370

Постојат два вида на однесување: она коешто произлегува од искрената грижа за другите и она, коешто потпаѓа под категоријата формалност. Детето со развивањето на социјалните способности ги развива и двата вида на однесување, како и емпатијата. Следуваат некои начини, кои му помагаат на детето да ги забрза овие процеси.

Бидете реални

Однесувањето на јавното место често пати значи мирно седење и молчење, а тоа се вештини, кои повеќето деца тешко ги стекнуваат, бидејќи во природата им е да бидат свртени кон себе и импулсивни. Доколку вашето дете едноставно не е во состојба да ги почитува правилата, имајте го на ум фактот дека во повеќето случаи убавото однесување на јавно место е поврзано со степенот на развојот на детето многу повеќе, отколку со намерата на детето така да се однесува.

Јасно ставете му ги на детето на знаење своите очекувања, пред да стигнете до местото на кое треба да одите

Очекувањата поставете ги како неколку јасни барања. На пример, кажете му на детето дека тоа ќе биде оброк во кој сите ќе уживате и дека тоа е време, кое ќе го искористите за да поразговарате меѓусебно, но дека детето не смее да трча наоколу и да зборува прегласно, бидејќи тоа ќе им смета на другите луѓе околу вас, кои исто така се обидуваат убаво да си поминат. Или кажете му дека ќе му прочитате се што има во менито и ќе му дозволите само да избере што сака да јаде. Потсетете го детето со тивок глас да му се заблагодари на келнерот.

Држете се до правилата што сте ги поставиле

Доколку се повлечете од очекувањата, што сте ги поставиле додека сте на јавно место, на детето му испраќате конфузна порака и тоа веројатно ќе отиде во друга крајност. Нема потреба да му се лутите на детето затоа што не може да седи мирно. Тоа ќе го посрамоти детето и ќе ги поврзе тие негативни чувства со заминување на јавни места. Само тивко напуштете го ресторанот и бидете јасни и цврсти во тоа, бидејќи така мора да биде.

Вежбајте добри манири додека сте дома

Со цел детето да развие социјални вештини потребно е да бидете доследни. Затоа обидете се да поставите основни правила, кои детето мора да ги почитува дома, со цел лесно да постигнете да се однесува како што треба, кога ќе одите на јавно место. Секако постојат разлики меѓу однесувањето во домот и надвор од домот, така што потрудете се тоа добро да му го појасните на детето. На пример појаснете му дека оброците во домот се поопуштени и оти обично секој член од семејството сам ја крева својата чинија од масата, но додадете дека и во домот и надвор од него се водат пријатни разговори.

 

Фото: photostock/FreeDigitalPhotos.net

[better-ads type='banner' banner='999' ]