5 причини зошто им е на самохраните мајки понекогаш подобро

„Да знаев барем порано колку ќе ми биде убаво, ќе го направев тоа и порано “! Ова веројатно сте го слушнале барем еднаш од некоја самохрана мајка

0
422

„Блазеси ти, за се одлучуваш самата“ – оваа честопати многу неразумна забелешка веројатно остава горчлив вкус во устата на секоја самохрана мајка. Односно, кај повеќето. Но има многу кои мислат дека им е многу подобро откако се сами отколку во брак.

Таков е случајот и со една мајка, денеска, соло мајка, која долга низа години се мачела со мислата да го остави сопругот затоа што повеќе не била среќна во бракот.
„Долго се борев со тоа чувство и во брак останував само поради детето. Да знаев барем порано колку ќе ми биде убави“, ијавила една самохрана мајка која ја објавила својата приказна на порталот Your Tango.

„Понекогаш ми е толку жал за моите мажени пријателки и затоа на сите сакам да ви кажам дека да се биде самохран родител дефинитивно не е лесно, но ако детето има татко и тој навистина сака да се грижи за детето такашто ќе преземе дел од секојдневниот „товар“ – тогаш на самохраните мајки им е веројатно дури и подобро отколку на оние кои живеат во несреќен брак, со деца кои ја чувствуваат нивната несреќа“. Зошто?

1. Не се будите полна со гнев и со омраза
Кога живеете во брак во кој ве обземаат многу повеќе негативни отколку позитивни чувства, а еднаш кога ќе излезете од таков брак дури тогаш можете да сфатите колку е убаво да се будите растоварени.

Кога сте во релација која е токсична, па и најмала ситница во вас може да предизвика негативни емоции. Сега, и натаму правите се што сте правеле и претходно, но притоа не мора да гледате во партнерот кој си прави кафе и полека и без стрес си ја пие полека гледајќи низ прозорец. Можеби е за некој тоа ситница, но да гледате таква инертност од рано наутро е навистина фрустрирачки.

2.Ги имате викендите само за себе
Се сомневам дека постои една мајка на светот која понекогаш не си посакува цел викенд сама за себе. Сега можете да го имате тоа, без грижа на совест дека сте ги оставиле сопругот и децата. И можеби од почеток нема да ви биде лесно да ги испратите од дома, но верувајте, со време ќе почнете да уживате во нив како жена, индивидуа, а не само мајка.

3. Вие ги носите правилата
Нема веќе препирки во кои едната страна упорно влече, а другата упорно дозволува се што првата забранила. Правилата се сега многу појасни и полесно е придржувањето кон нив. За сите.

4. Верувале или не но кога ќе станете самохрана мајка спознавате кои ви се вистински пријатели

Сигурно нема да ви е многу лесно ако немате круг на такви пријатели, оние кои ќе бидат со вас во текот на разводот, оние кои ќе ви помогнат да се снајдете во новата ситуација, со кои полесно ќе се прилагодувате на новите животни околности. И сега, кога децата не се дома, време е за нив, време е за дружење со вашите најдобри пријателки.

  1. Возбудена сум заради својата иднина

Нема да кажам дека кога сте во брак иднината ви е предвидлива – тоа дефинитивно не е, но да се биде повторно соло и возбудено да ја исчекувате неизвесната иднина – тоа е чувство кое ќе ви даде крилја. Чувство дека иднината можеби ќе донесе нешто повеќе од бракот за кој одамна знаете дека нбе ве исполнува. Бракот за кој добро знаете дека никогаш нема да биде подобар. Не заради грешките или затоа што некој во тој брак се сменил или не, туку затоа што сте свесни дека во тој брак, во таа заедница сте станале многу осамени и несреќни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]