3 совети за родителите кои тукушто добиле близнаци

Некои мајки ги дојат близнаците во исто време, но на некои едноставно не им се допаѓа како се чувствуваат додека го прават тоа

0
927

Животот се врти наопаку кога во куќата ќе стаса едно бебе, а замислете што сѐ се случува кога ќе стигнат две.
Доаѓањето на близнаци е прекрасна вест, но родителите на „веселото пакетче“ мораат да знаат навистина добро да се организираат!

Еве 3 совети за родителите кои добиле близнаци:

1. Добар распоред

Дури и ако до сега не сте биле баш најорганизираната личност на светот, сега мора да бидете. Ако сакате да стасате да направите сѐ што е потребно за бебињата, и да одвоите време барем за туширање или за миење заби, направете добар „воен план“. Организирајте го станот за сѐ да ви биде при рака, а бебињата истренирајте ги да јадат и да спијат во исто време.

2. Хранење во исто време

Некои мајки ги дојат близнаците во исто време, но на некои едноставно не им се допаѓа како се чувствуваат додека го прават тоа
Другите мајки едното дете го дојат додека во исто време таткото може да му дава на другото млеко од шишето кое мајката претходно го издоила: Секако, за тоа е важна добра координација и трпение.

3. Едно креветче е сосема ОК

Близнаците често сакаат да спијат заедно, а кога спијат одвоено се будат затоа што забележуваат дека нивното братче или сестриче не е во близина. Затоа за почеток испробајте како ќе функционирате во едно креветче.

[better-ads type='banner' banner='999' ]