3 работи што мора да ги правите пред своите деца

Кога станува збор за воспитување, обично слушаме што не смееме да правиме пред децата. Еве еден текст за тоа што мора да правиме пред нив.

0
831

Постојат одредени работи кои се едноставно непримерни за да се прават пред децата и по ова прашање треба секогаш да се биде внимателен. Од друга страна постојат некои работи кои никако не треба да се кријат пред децата. Напротив, треба да ги гледаат од мали нозе и да ги доживуваат како нормални.
Разговор за домашниот буџет
Повеќето родители сметаат дека е непримерно пред децата да зборуваат за финансиите, особено ако станува збор за некоја криза низ која минува семејството. Зборувањето за финансии со и пред децата е здраво и не би требало да претставува забранета тема. Децата треба да имаат претстава за приходите што доаѓаат дома затоа што парите никако не треба да бидат мистерија. На тој налин ќе ги подготвите децата на она што го носи вистинскиот живот.
На пример, ако го пратите детето на факултет, а тоа се уште не знае колку чинат водата, струјата или колку пари одат на храна, ќе му нашравите лоша услуга. Исто така, ако минувате низ тежок период кога станува збор за финансиите, со шепотење на оваа тема ќе направите полошо. Следниот пат кога ќе ви побара да му куоите прескапи чевли, наместо да викате, објаснете му за што станува збор и зошто не можете да му ги купите.
Кавга пред децата

Можеби многумина ќе се згрозат, но карањето пред децата е сосема нормално, дури и пожелно. Секако, тука не се мисли на некои многу грди кавги со многу викање и грди зборови туку на аргументирани расправии на кои детето може да присуствува. Со карањето на овој начин ќе му покажете на детето дека и кавгата е составен дел од животот и од меѓучовечките односи. Некои двојки се караат многу ретко додека кај некои е тоа . Иако не препорачуваме да се карате баш секогаш пред децата, ако тоа го избегнувате во потполност, ќе им создадете лажна слика за животот. Треба да се внимава на причините за кавгата што ја започнувате пред детето. Ако станува збор за кавга околу децата тогаш би било подобро да не го правите тоа пред нив.
Покажување на емоции
Вратете се во своето детство на момент и сетете се како вие сте реагирале кога вашите родители се бакнувсле пред вас или покажувале било каков вид на нежност. Сигурни сте се муртеле и тоа ви било „бљак“…Тоа е вериојатно најнормалната можна реакција, но не значи дека пред децата не треба да се покажуваат емоции и нежност. На децата треба да им покажете како изгледа нормален реален живот на двајца возрасни луѓе, без да разубавувате и да се правите нешто што не сте. Од мали нозе покажете им на вапшите деца како изгледа животот на возрасбните и подгответе ги на она што можеби ги чека во иднина.

[better-ads type='banner' banner='999' ]