Знаеме дека живеењето со домашно милениче е добро за децата, но приказната има и една друга страна – бактерии!
Иако повеќето луѓе сметаат дека е претерано кучето да го излиже тукушто роденото бебе кое првпат си доаѓа дома од родилиштето, останува и оној став дека плунката на кучињата не е како човечката и ако нема вируси и штетни бактерии нема да му наштети на детето. И не само тоа, туку се зборува дека и раните побрзо зараснуваат ако ви ги излиже вашето куче.
Од друга страна, многумина не се сложуваат со ова и сметаат дека е исклучително опасно кучето да го лиже тукушто роденото бебе кое се уште нема изграден имунитет.
Снимката што го скара интернет
Дали е во ред домашното милениче да го лиже новороденчето? Видеото што се појави на интернет предизвика вистински полемики.