Урми, сон и чај од лист од малина за брзо и лесно породување

Без оглед на здравствената состојба на родилката и на поддршката од акушерот и бабицата, породувањето може да се оддолжи и да се претвори во исцрпувачко искуство. Дали тогаш може да се влијае на тоа колку породувањето ќе биде лесно?

0
1423

Секоја трудница се надева на брзо и лесно породување, но без оглед на здравствената состојба на родилката и на поддршката од акушерот и бабицата, породувањето може да се оддолжи и да се претвори во исцрпувачко искуство. Дали тогаш може да се влијае на тоа колку породувањето ќе биде лесно? Порталот „Babl“ објавил три научно докажани совети како да се забрза породувањето и да с енаправи полесно и помалку болно искуство:

1. Урми

Студијата покажала дека жените кои јаделе шест урми дневно во текот на последните четири недели од бременоста, имале пократко породување и помалку интервенции. Додека во просек, 79% жени имаат природно породување, дури 89% од оние кои јаделе урми се породилен по природен пат. Исто така, само 28% од нив морале да примат оскитоцин за да се забрза породувањето, за разлика од 47% од оние кои не јаделе урми.
Исто така, урмите влијае на тоа жените да се „поотворени“ при приемот во болница. Првата фаза од породувањето кај нив траела 510 минути (8,5 часа), а кај останатите – 906 минути (15 часа).

2. Спиење
На трудниците честопати им е тешко да се наспијат, но изгледа дека би требало бидејќи токму тоа е втората причина за полесно породување. Па така, жените кои во текот на бременоста спиеле помалку од пет часа дневно се пораѓале подолго и 4,5 пати почесто нивното породување завршувало со царски рез. За лесно и брзо породување неопходни се најмалку 8 часа сон секоја ноќ.

3. Чај од листови од малини
Се знае колку чаевите можат да бидат благотворни за здравјето, па со нив може да се олесни и породувањето. Чајот од малина го забрзува текот на породувањето, го спречува предвременото породување или пречекорувањето на терминот, ја намалува потребата за царски рез, форцепси или за вакумско извлекување на бебето. Причината е тоа што овој чај ги јакне ѕидовите на матката, ги намалува породилните болки, го поттикнува и создавањето на млеко. Лекарите препорачуваат со неговото пиење да почнете дури во второто тромесечје од бременоста.

[better-ads type='banner' banner='999' ]