Треба ли да се јаде за време на породувањето?

Последните истражувања велат дека нема потреба жената да се откажува од храна за време на породувањето и дека лесен оброк може да донесе одредени придобивки, се разбира доколку жената е здрава и ако природното породување се одвива токму онака како што треба, без компликации.

0
144
Фото: Freepik

Ако некогаш сте виделе како изгледа породувањето во филмови и серии, би можеле да заклучите дека за време на породувањето жените само врескаат, пијат малку вода и грицкаат парчиња мраз, што не е далеку од вистината бидејќи лекарите во Америка ги советуваат жените да се воздржуваат од храна и дури и од вода за време на породувањето, но тоа наскоро би требало да се промени.

Последните истражувања велат дека нема потреба жената да се откажува од храна за време на породувањето и дека лесен оброк може да донесе одредени придобивки, се разбира доколку жената е здрава и ако природното породување се одвива токму онака како што треба, без компликации.

Според истражувањето објавено на годишната конференција на анестезиолозите, се вели дека препораките за апстинирање од храна датираат од 1940 година, бидејќи се верувало дека жената може да вдише парчиња храна и течност во белите дробови за време на породувањето, што може да доведе до пневмонија. Бидејќи анестезиологијата во меѓувреме напредувала, експертите тврдат дека веќе нема страв од такви последици.

Лекарите изјавиле и дека таков случај се случил само еднаш во периодот од 2013 до 2015 година и дека на жената ѝ била дијагностицирана ризична бременост и комплицирано породување. Здравите мајки чие раѓање оди според планот не треба да се воздржуваат од храна.

Исто така, секоја жена што родила знае дека породувањето е физички доста напорно и дека е тешко да се направи на празен стомак. Еден од потписниците на студијата, доктор Кристофер Харти изјавил дека калориските потреби на жените кои раѓаат се еднакви на маратонците кои пијат протеински шејкови за време на маратонот за да ја издржат трката до крај. Тој дури верува дека нејадењето за време на породувањето може да го продолжи самиот процес.

„Без соодветни нутритивни вредности, телото на жената почнува да ги користи масните наслаги како извор на енергија, што ја зголемува киселоста на крвта и кај мајката и кај бебето, што потенцијално може да ги ублажи контракциите и да го продолжи породувањето, но и да ја намали породилната оценка на бебето“, вели Харти.

Од друга страна, лекарите нагласуваат дека не сите мајки можат да јадат за време на породувањето. Оваа група вклучува жени кои се изложени на поголем ризик од аспирација, вклучувајќи жени со прееклампсија, еклампсија, дебели жени и оние кои користат опијати за време на породувањето.

За здравите трудници, кои немале никакви проблеми за време на бременоста, лесната храна за време на породувањето може да го намали стресот и да им обезбеди удобност, но и да им даде дополнителна енергија и затоа нема потреба од гладување, особено ако породувањето трае.

[better-ads type='banner' banner='999' ]