Како да ја препознаете сончаницата кај детето

Еден од најалармантните проблеми кое сонцето ги донесува е, секако, сончаницата или топлотниот удар, за кои што родителите би требало што подобро и на време да се информираат.

0
1143

 

Еден од најалармантните проблеми кое сонцето ги донесува е, секако, сончаницата или топлотниот удар, за кои што родителите би требало што подобро и на време да се информираат.
Сончаницата е бурна реакција на целиот организам на прекумерно изложување на сонце. Таа може да се случи брзо, особено ако детето е активно на сонце, но почеста е т.н. доцна сончаница која се случува неколку часа по престој на топло – пред спиење или во текот на првиот сон.
Раната реакција е многу бурна:детето одеднаш снемува сила, чувствува вртоглавица и мачнина, неретко повраќа и станува сонливо. Поголемите деца можат да бидат и вознемирени, а главоболката е речиси секогаш присутна. Детето е оросено со пот, рацете и нозете се прво топли, а ако се засолни од сонцето, стануваат студени и треперат. Телесната температура може да биде нормална, но обично е зголемена. Колку што детето е помало и симптомите се поизразени, а опасноста од компликации е поголема. Кога многу ќе се претера со сончањето, може да дојде и до губиток на свеста, што почесто се случува кај адолесцентите.
Кога се случува „доцна“ сончаница, симптомите побавно настапуваат, помалку се изразени, но подолго траат. Децата се топли, црвени, иако не се на сонце. Изгледаат како да ги нападнал вирус, па мајките и татковците често се збунуваат мислејќи дека е во прашање инфекција. Малите децата (понекогаш и повраќаат), се со променливо расположение и имаат несоница. Телесната температура по правило е зголемена.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА СОНЧАНИЦА?

– Засолнете ги децата од сонце. Ако се работи за рана и бурна сончаница, детето прво треба да го тргнете од сонцето, ако е можно одете во климатизирана просторија, или барем во затемнета и добро проветрена соба или апартман.
– Истуширајте го детето со млака вода. Потоа оставете го да се исуши без бришење.
– Дадете му да пие течности. Разладените безалкохолни пијалаци (чај, сок  или обична вода) му се најмногу потребни на детето кое има сончаница. Течноста не треба да ја давате одеднаш во големи количини, туку почесто по малку, особено ако детето повратило. Уште додека ја пие првата „порција“ вода треба да го разголите и разладите.
– Дадете му лек. Ако телесната температура и понатаму е висока, на детето треба да му дадете лек за симнување на температура (антипиретик). Најдобро е да ставите (парацетамол) во газето, бидејќи ефектот е побрз, а се избегнува и можноста за повраќање. Секако не е погрешно да додадете ниту лек во сирупот (ибупрофен или парацетамол).
– Одморот е неопходен. Наредните неколку часа детето треба да одмара, а идеално би било да отспие. Некои родители се плашат да го остават детето да спие кога има сончаница. Тој страв е неоправдан, бидејќи одморот е навистина потребен, а сонот е најдобар одмор. Секако, во текот на сонот треба да се контролира телесната температура, па во случај на нови скокови да се повтори терапијата на лекот против висока температура. Веќе после четири часа од претходната доза може да се повтори лекот, а доколку поминало помалку време, повторете го туширањето со млака вода.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ОБРАТИТЕ НА ЛЕКАР?

– Ако телесната температура не опаѓа, и покрај разладувањето и лековите. Тогаш веројатно не се работи само за сончаница, туку детето е на почеток на некоја друга болест. Обично се работи за почеток на цревни инфекции, или воспаление на дишните органи. Во тој случај, брзо се јавуваат и други симптоми на болести, па треба да се консултирате со лекар и да поставите вистинска дијагноза.
– Ако детето изгуби свест, а не се поврати брзо после поставувањето во лежечка состојба. Губитокот на свеста обично е резултат на минливо опаѓање на притисокот и недоволен доток на крвта во мозокот. Оваа состојба не е опасна и речиси моментално поминува кога детето ќе легне и ќе му ги кренете нозете, за мозокот да му се обезбеди доволно крв. Меѓутоа, ако детето потоа е конфузно, сонливо и слабо комуницира со околината треба да се јавите на лекар, по можност на педијатар.
– Ако упорно повраќа и е се понемоќно. Тогаш станува збор за многу тежок облик на сончаница, поради што потребен е преглед од лекар. Тој ќе утврди дали се работи само за сончаница, или е почеток на некоја друга болест (не пример, инфекција со летни вируси или бактерии).

[better-ads type='banner' banner='999' ]