Во што грешите: 11 знаци дека сте лош родител

Колку пати сте слушнале дека невоспитаните деца се последица на лошото родителство? И колку, всушност, сте поверувале во тоа? Сепак, вистина е дека постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека не сте одлични во својата улога во семејството.

0
2446

Колку пати сте слушнале дека невоспитаните деца се последица на лошото родителство? И колку, всушност, сте поверувале во тоа? Сепак, вистина е дека постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека не сте одлични во својата улога во семејството.

Нашите дела зборуваат повеќе од зборовите. Ставот, погледот на светот, целта и перцепцијата на детето во голем дел зависат од тоа што научило од своите родители. Понекогаш навистина правиме лош пример, а дури тоа и не го забележуваме.

Со помош на примерите што следуваат, откријте дали се уште сте добар родител.

1. Доколку вашето дете намерно ве вознемирува додека работите, тоа е затоа што кон него не сте доволно нежни.

2. Вашето дете ќе се служи со лаги, ако сте претерувале во реакциите на неговите претходни грешки. 

3. Ниската самодоверба на детето потекнува од тоа што повеќе му делите совети отколку што го фалите и охрабрувате.

4. Кога ќе забележите дека детето не се залага самото за себе, веројатно сте го дисциплинирале во јавност, пред други луѓе. Дури ниту присуството на браќата, сестрите, пријателите или роднините не е поволно за да го карате детето. Направете го тоа додека сте сами со него.

5. Доколку на детето му купувате се, а тоа и понатаму сака и зема работи што не му припаѓаат, причина за тоа е што не му дозволувате да избира.

6. Детето може да стане кукавица, доколку му помагате во се. Не отстранувајте ја секоја препрека наместо него.

7. Љубомората кај децата може да настане ако родителите константно го споредуваат со другите.

8. Го пофалувате уште повеќе своето дете, доколку забележате дека брзо се налутува. Причината за таквото однесување е што тоа смета дека го добива вашето внимание само кога ќе направи нешто лошо.

9. Децата стануваат таинствени, кога постајано им врескате и ги карате. Причина може да биде тоа и што „правите мува од слон“.

10. Ако вашето дете не е емпатично кон другите, веројатно постојано сте му наредувале, не земајки ги предвид неговите чувства.

11. Безобразноста и невоспитувањето детето ги научило од своите родители или од опкружувањето во кое живее.

Родителството не е само уште една ваша работа, туку доживотна приврзаност. Поради наводниот и брзиот начин на живот, лесно е да влезете во рутина, притоа не сфаќајќи дека нашите навики станале контрапродуктивни. Кога веќе забележувате лошо однесување кај децата, станете свесни и за своето. 

Фото: www.yumama.com/Sutterstock

[better-ads type='banner' banner='999' ]