Понекогаш родителите кажуваат нешто поради што многу брзо зажалуваат и се покајуваат, но не постои магично стапче кое може да го промени направеното. Еднаш кога зборовите ќе излезат од устата на родителите, децата веќе стекнале одреден впечаток.
Многу работи родителите изговараат што не би требало. Но, еве десет највообичаени и популарни реченици кои родителите треба да ги избегнуваат.
ЗАТОА ШТО СУМ ВОЗРАСНА ЛИЧНОСТ
Проблемот е во тоа што оваа изјава не објаснува ништо, освен што ги истакнува вашите години.
ЌЕ ТЕ ПОДДРЖАМ БЕЗ ОГЛЕД НА СЕ
Навистина? Дури и тогаш ако повреди друго дете, ако уништи нешто во вашиот дом, или ако пие алкохол, пуши цигари…?
ПРЕМНОГУ СИ МЛАД ЗА ДА ГО РАЗБЕРЕШ ТОА
Наместо тоа да му го кажете на детето, обидете се да му објасните на начин на кој може да разбере.
ЗАТОА ШТО ЈАС ТАКА РЕКОВ
Ова едноставно е неприфатлива забелешка и на детето не му дава никакви корисни информации.
ТВОЈОТ БРАТ ГО МОЖЕШЕ ТОА КОГА БЕШЕ НА ТВОИ ГОДИНИ
Ова е одличен начин вашето дете да го замрази својот брат. Користете ја оваа изјава само ако сакате да го поттикнете соперништвото меѓу нив, а сигурно не сакате да ви се случи тоа.
НЕ ЗНАМ ОД КАДЕ ТИ ДОЈДЕ
Не знаете? Ако вие не знаете, тогаш кој знае?
САМО ПРЕКУ МЕНЕ МРТВА
Можеме само да претпоставиме што, всушност, сте сакале да кажете, но зарем навистина е потребно да се повикувате на такви морбидности?
ЧЕКАЈ САМО ТВОЈОТ ТАТКО/МАЈКА ДА ДОЈДЕ ДОМА
Зошто? Затоа што сте наишле на ситуација со која вие не можете да се справите или подобро вашиот партнер/партнерка да биде „лошата личност“?
ТИ СИ ПРИЧИНАТА ЗА МОЈОТ СТРЕС
Мислевте дека родителството ќе го намали нивото на стрес во вашиот живот?
ТВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ СЕ ВИНОВНИ ЗА СЕ
Вашето дете е потполно невино? Ако вашето дете не било вознемирено, по оваа изјава ќе биде. Обвинувањето на неговите пријалатели подразбира дека вашето дете е слабо, без самодоверба и храброст.