Хорор во САД: близнаци пронајдени мртви во автомобил на паркингот на градинка

На паркинг во градинка во Јужна Каролина биле пронајдени безживотните тела на дваесетмесечни близнаци за кои се претпоставува дека биле заборавени во жешкиот автомобил повеќе од девет часа

0
234

Дваесетмесечните близнаци биле пронајдени во безживотна состојба во автомобил на паркинг во градинка во Јужна Каролина. Тие најверојатно биле во жешкиот теренец повеќе од девет часа, објавиле властите.

Еден од родителите ги нашол близнаците околу 17:40 часот, по доаѓањето во градинката. Иследничката Надија Радерфорд рекла дека Брајсон и Брејден МекДаниел се чини дека биле во возилото од утрото и најверојатно починале заради изложеност на прекумерна топлина.

„Имаме двајца многу вознемирени родители“, рекла таа. Момчињата изгледаа добро згрижени, а родителите досега не се уапсени.

„Не можеме да зборуваме за тоа како и зошто децата биле оставени во возилото толку долго. Ова е несреќен случај. Ако е кривично дело, ќе помогнеме да се најде виновникот”, додала таа.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]