Решете ги проблемите со дигестијата и дишењето во време на ковид

Дали знаете што се тоа мудри? Станува збор за гестови кои имаат за цел да овозможат слободен проток на енергија низ телесните енергетски канали. На мудрите им се припишуваат бројни терапевтски и лековити својства, па ние ќе ве запознаеме со основната која го зголемува капацитетот на дишењето и белите дробови и го зголемува протокот на кислород низ целото тело.

0
229

Мудра се древни позиции на рацете за лекување и духовна рамнотежа. Всушност, станува збор за посебна положба на прстите и рацете, која се користи за враќање на внатрешната рамнотежа и заздравување.

Зборот мудра е преведен од санскрит како дар на радост (mud – радост и ra – подарок).

Мудра на санскрит значи и „врска“ и „проток“, што значи слободен проток на енергија неопходен за внатрешна рамнотежа и здравје.

Зборувајќи за мудра, ние всушност зборуваме за серија симболи или позиции кои служат за враќање на енергијата на телото и постигнување оптимално здравје.

Иако не е целосно јасно од каде потекнува овој систематизиран систем на стилизирани гестови, утврдено е дека на еден или друг начин го користеле речиси сите древни култури.

Според тоа, го наоѓаме во различни верски практики како што се будизмот и хиндуизмот и во земјите со богата културна традиција, како што се Индија, Јапонија, Кина, Тибет и Индонезија, како и во египетската култура и христијанството.

Мудра – јазикот на мудроста

На мудрите можеме да гледаме како на тивок јазик – гестови кои имаат за цел да овозможат слободен проток на енергија низ телесните енергетски канали.

За време на изведбата на одредена мудра, мозокот прима единствена порака преку нервните завршетоци во прстите, а потоа дејствува во согласност со неа.

На овој начин, телото комуницира со умот со цел да се воспостави природна рамнотежа.

Заради ова, на мудрите им се припишуваат бројни терапевтски и лековити својства.

Со помош на овој метод можеме да го зајакнеме имунитетот, да го подобриме расположението, да обезбедиме квалитетен сон, да надоместиме загубена енергија, да ја зголемиме концентрацијата, ефикасно да се ослободиме од физичката или менталната болка, но и многу повеќе од тоа.

Имено, изведувањето одредени гестови може многу да помогне во заздравувањето од различни болести.

Исцелителната моќ на мудрите

Бројни сведоштва за корисните ефекти на мудрата врз здравјето често се припишуваат на плацебо ефектот, но тоа не е точно.

Едно истражување поврзано со функцијата на мозокот, чии резултати биле објавени во 2009.година во списанието на Американската академија на науките, открило дека за време на изведбата на одредена мудра, се активираат одредени центри во мозокот.

Многу скептици кои го испробале овој систем без воопшто да веруваат во неговата ефикасност, на крајот биле убедени во спротивното.

Со исклучок на повредите и болестите за кои е потребна хируршка интервенција, мудрата може да ги лекува повеќето познати заболувања.

Како се изведуваат?

Може да ги изведувате седејќи, стоејќи или лежејќи, насекаде и секогаш кога околностите дозволуваат, на пример, дури и додека гледате телевизија, дури и во друштво, на плажа или додека шетате.

Лежечката положба е особено поволна за луѓе кои не можат да станат од кревет заради болест или операција.

Сепак, релаксирањето во мир и тишина само по себе во голема мера придонесува за закрепнување и заздравување, така што секогаш кога можете, седнете во удобна положба или заземете една од позициите за медитација и изведете ја избраната мудра.

Не треба силно да ги притискате прстите – ќе биде доволен лесен допир.

Правете ги мудрите со двете раце истовремено. Во зависност од тегобите или од заболувањето, во таа положба поминете 3 до 45 минути.

Притоа, препорачливо е да се потпрете на внатрешното чувство.

Понекогаш само неколку минути ќе бидат доволни за да почувствувате подобрување, понекогаш ќе треба да бидете поупорни.

Општо земено, како и со секоја друга терапија, благи и минливи заболувања бараат пократок дневен третман, наспроти потешките нарушувања и болести, кои треба да се третираат дневно вкупно 45 минути.

Во зависност од болеста, подобрување или заздравување ќе се случи во рок од една недела до еден месец.

Најдобрите резултати се постигнуваат со една изведба од 45 минути, но ако немате време или трпение за тоа, можете да работите мудри 5, 10 или 15 минути, неколку пати на ден, со вкупно времетраење од 45 минути.

Ако сакате, можете да ги правите и подолго, со што ќе го забрзате резултатот, освен ако инструкциите не велат дека се прават максимум 45 минути дневно.

Ако сакате или имате потреба, исто така можете да изведувате неколку различни мудри во текот на денот.

Ве запознаваме со првата и главна  мудра – ади мудра

Значењето на оваа мудра доаѓа од корените од Санскрит „ади“, што значи „прва“ или „примитивна“ и „мудра“, што значи „знак“ или „печат“.
Во оваа мудра, палецот се притиска внатре во дланката и прстите се затворени околу него формирајќи мека тупаница.
Ади мудра се смета за прва и главна мудра затоа што тоа е првата позиција што детето може да ја направи со рацете.
Често се користи за време на медитација и пранајама затоа што го зголемува капацитетот на дишењето и белите дробови, со што го зголемува протокот на кислород низ целото тело.
Станува збор за симболичен и ритуален гест со рацете кој често се користи во практиката на духовна јога за смирување и баланс на умот и нервниот систем.
Се советува да ја практикувате во смирена средина додека медитирате и се фокусирате на дишењето, со дланките свртени нагоре од бедрата, во седечка положба на лотос.
Ади мудра носи придобивки за дигестивниот систем ако се изведува заедно со положбата на жаба.
Го подобрува протокот на кислород во главата.
Го зголемува капацитетот на белите дробови.
Помага да ги балансирате сите сетила.
Научете повеќе за ова ТУКА.
Фото: Unsplash
[better-ads type='banner' banner='999' ]