Тест за откривање на рана менопауза

 Важно е жената да реагира навреме и да си планира семејство

0
330

Научниците тврдат дека во иднина, примерок од плунка или крв ќе биде доволен за да се открие веројатноста за предвремена менопауза. Тие идентификувале 300 варијации на гени кои влијаат на времето кога жената влегува во менопауза.
На пример, жените на кои природно им недостасува активен ген наречен Chek2 влегуваат во менопауза во просек 3,5 години подоцна отколку жените со нормално активен ген. Ако жената знае порано, да речеме во своите дваесетти години, дека и се заканува рана менопауза и намалена моќ за зачнување во триесеттите години, би можела да реагира порано и да преземе одредени чекори во планирањето на семејството.

Д -р Ана Мареј, професорка по хумана генетика на Универзитетот Екзетер, вели дека се стремат кон тоа добиените резултати и генетски наоди да ги користат и други институции и установи за да им се помогне на жените во планирањето на семејството.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]