Како да ги превоспитате малите пребирливци со методот „14 дена“?

Науката конечно најде начин да ви помогне. Новото истражување покажало дека, следејќи ги овие три чекори, родителите можат да го променат ставот на своето дете кон храната.

0
191

Слушнав дека има (но додека не видам не верувам) деца кои јадат буквално се што е ставено во чинијата. За жал, тоа не е случај со моите деца, и ако не е случај со вашите, не очајувајте. Пребирливоста, иако е многу стресна за родителите, е сосема нормална работа за децата.

„… Децата од градинка по природа на нештата минуваат низ фази кога се пребирливи и одбиваат да пробаат нова храна. Особено зеленчук. Ова е сосема нормална развојна фаза, но може да доведе до проблеми ако децата стануваат се попребирливи“, вели д-р Клер Фароу, од истражувачкиот центар за здравје на децата во Астон.

Иако можеби ви изгледа утешно сега кога знаете дека не сте единствени во светот што го имаат овој проблем, тоа олеснување трае кратко, само додека не послужите брокула следниот пат. Но, науката конечно најде начин да ви помогне. Новото истражување покажа дека, следејќи ги овие три чекори, родителите можат да го сменат ставот на своето дете кон храната.

Пред да кажеме кои се тие чекори, мора да споменеме – упорноста е најважна. Мора да бидете упорни. И секогаш имајте на ум дека децата се одлични преговарачи. И за да го достигнете нивното ниво на преговарачка моќ, еве што треба да направите.

Чекор 1 – Повторување: Нудете ја храната што детето ја одбива. Понудете го истиот зеленчук најмалку 14 дена по ред. И бидете трпеливи. Идејата е детето да ја „запознае“ храната, таа да престане да биде нова за него. Некои деца можеби ќе треба да пробаат одредена храна 10-20 пати додека не ја прифатат.

Чекор 2 – Дајте пример: Јадете го и самите зеленчукот што му го нудите на детето за ручек и покажете колку ви се допаѓа.

Чекор 3 – Награди: Наградете ги за трудот, дури и ако изеле само залак или само лизнале. Се се брои. Големите работи започнуваат со мали чекори.

Сето ова со истиот зеленчук повторувајте го најмалку 14 дена!

„Нашето истражување покажа дека повторното изложување на детето на одредена храна, наградувањето на секој обид да се проба храната и личен пример кој родителот го дава јадејќи и самиот од храна што детето ја одбива, може значително да го промени ставот на детето кон храната“, вели д-р Клер Фароу.

Покрај тоа, навиките за јадење што децата ги усвојуваат во детството ќе ги следат кога ќе пораснат, а вие сигурно сакате тие да изградат здрав став кон храната.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]