Истражување на Универзитетот на Делавер (САД) посочува дека пливањето може да го збогати речникот на децата. Испитувањето е објавено во американскиот „Журнал“ за говор, јазик и слух.
„Среќни сме заради резултатите од истражувањето, бидејќи можеме значително да им помогнеме на негувателите и воспитувачите. Пливањето е едноставна физичка активност, и докажавме колку добро влијание има врз учењето нови зборови“, вели Џована Морини, една од авторите на трудот.
Притоа се истакнува дека деца на возраст од 6 до 12 години имале да научат нови зборови пред да почнат со една од трите активности – пливање, вежби за цело тело или пополнување боенка. Децата пливачи биле 13 отсто попрецизни во решавањето на тестовите за речникот потоа.
Одговорната предводничка на истражувањето, Меди Пруит смета дека резултатите покажуваат дека моторичкото движење помага да се научат нови зборови. Односно, пливањето е поефикасно од останатите вежби бидејќи децата пливаат без да следат голем број инструкции. Вежбите, сепак, бараат подобра концентрација.
Фото: Unsplash