Купил камион за сладолед за неговите деца со Даунов синдром да имаат работа

Нашиот татко е најдобриот татко и ние сакаме да продаваме сладолед со него. Летото е многу забавно за нас и се надеваме дека во иднина ќе имаме среќа со продажбата на сладолед, велат Мери и Џош

0
299

Џоел Вегенер (61) и неговата сопруга Фрида (60) од Охајо, имаат десет деца. Мери (21) и Џош (18) имаат Даунов синдром и продаваат сладолед на камионот што го купил нивниот татко.

Џоел, учител во пензија, сакал да им најде работа, па купил стар камион за сладолед за поволна цена. На камионот, кој бил набавен преку Интернет, му биле потребни неколку поправки, но наскоро тргнал на пат.

Камионот го добил името ‘Special Neat Treats’, а Мери и Џош се главните вработени. Луѓе од цело Охајо доаѓаат по својот сладолед.

„Нашиот татко е најдобриот татко досега и ние сакаме да продаваме сладолед со него. Летото е многу забавно за нас и се надеваме дека ќе имаме среќа во продажбата на сладолед во иднина“, рекле Мери и Џош.

„Кога купивме камион за сладолед во јануари, не очекував дека бизнисот ќе започне вака. Публицитетот што го добивме е неверојатен и се надеваме дека можеме да ги инспирираме другите семејства со деца со посебни потреби да најдат начини за да им дадат поддршка на своите деца“, рекол Џоел.

Тој и Фрида гледаат на камионот за сладолед како благослов и велат дека им користи на Марија и Џош на повеќе начини отколку што се надевале.

„Причината зошто камионот за сладолед е толку совршен е тоа што им овозможи да ги развијат своите интерактивни и социјални вештини во удобна околина“, додал Џоел.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]