Нови инфлуенсерчиња, стари дилеми

Има само три години и повеќе од 24 илјади следбеници на Инстаграм. Таа е еден од најмладите модни инфлуенсери, веќе заработува и е на добар пат да стане мала богаташка. Мајката вели дека сите пари се штедат за иднина, а на малечката инфлуенсерка, а многумина ја обвинуваат

0
123

Има три години, успешна инфлуенсерка е и носи облека вредна повеќе од 20 илјади евра. Малечката Елис Приор има повеќе од 24 илјади следбеници на Инстаграм и е еден од најмладите модни инфлуенсери, веќе заработува и е на добар пат да стане мала богаташка.

28-годишната Софи Хау започнала да објавува фотографии од својата тогаш шестмесечна ќерка на Инстаграм. Профилот станувал се попопуларен како што Елис растела, а потоа „експлодирал кога наполнила две години“.

Софи им ја претставила Елис на агенциите за детски модели и така девојчето ги добило првите ангажмани. Денес, таа работи како модел за многу модни брендови, а вредноста на нејзината облека се проценува на 20 илјади евра.

Софи тврди дека заработката на нејзината ќерка ја става на штедна книшка за да ја обезбеди нејзината иднина.

„Манекенството ѝ е редовна работа и неверојатен извор на приход“, рекла Софи за британски „Метро“, додавајќи дека не е лесно ниту за родителите на малите инфлуенсери.

„Мораме често да патуваме и таа мора да биде среќна на фотографиите“, вели мајката, која исто така многумина ја критикуваат заради ова.

„Некои мајки не се согласуваат со мене, но ние ја подготвуваме Елис за иднината“, вели таа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]