На секоја жена која е незадоволна од своите стрии, доаѓа една која би сакала да ги има!

Мајка објавила нецензурирана фотографија од стомакот со силна порака за сите жени! Фотографијата не е најнова, но вреди да се сподели. Дали би ги сликале своите стрии, наспроти совршените фотографии на стомачните мускули со кои се преплавени социјалните мрежи?

0
140

Огромното мнозинство жени се соочуваат со стрии барем еднаш во животот, а многу жени имаат стрии на стомакот, колковите или бутовите по бременоста. За жал, притисокот на општеството и индустријата за убавина понекогаш е навистина немилосрден, а на мајките и жените на секој чекор им се нудат совети и третмани како да ги „искоренат“ – како да е тоа најлошото нешто што може да ѝ се случи на жената.

За среќа, постои и друг начин на гледање…
Дезири Фортин од Сан Диего има 150.000 следбеници на Инстаграм, мајка е на четири деца и има неколку одлични совети за сите кои понекогаш се преоптоваруваат заради стриите и неправилностите на телото. Нејзината моќна порака ја пренесуваме подолу.

„На секоја жена што е незадоволна од нејзините стрии, доаѓа една која би сакала да ги има“, напишала Фортин во својата објава, објаснувајќи дека да се биде мајка е благослов кој, за жал, не го имаат сите жени. Затоа таа верува дека телото по породувањето треба да се слави, а не да се критикува.

Фортин, која споделила слика со стрии на Инстаграм, нарекувајќи ги „рани на надежта“ што ги оставиле три прекрасни деца, и самата некогаш била меѓу тие што чекале, сакале и се надевале дека ќе станат мајки.

„Сознанието дека конечно ќе станам мајка беше едно од најневеројатните чувства“, напишала таа. „Не беше важно дали ќе се породам природно или со царски рез. И не беше важно што моето тело драстично ќе се промени. Конечно ми се оствари сонот да бидам мајка, и тоа мајка на четворки!”

Но, кога бременоста завршила, Фортин вели дека ѝ било тешко да го прифати и сака своето ново тело.
„Никогаш не замислував дека моето тело ќе изгледа како сега”, напишала таа. Исто така, напишала дека најдобриот начин да го прифатиме нашето тело е да ја смениме нашата перспектива. „Зајакнете се за да се сакате себеси“, напишала таа, додавајќи дека стриите се прекрасни приказни за надеж, љубов и понекогаш загуба. „Во телата на мајките има убавина“, рекла таа.

Својата порака Фортин ја посветила на сите жени кои се надеваат, се молат и го чекаат своето чудо, но и на оние мајки кои имаат свои ангели …
„За таа жена што родила и го изгубила бебето, знам дека ова е сè што физички ти остана од ангелот. Запомни, ти си силна мамо!”, Напишала таа и додала: „На сите жени кои се борат да се прифатат и да се сакаат самите, знајте дека сте силни, убави и дека ви е дадено да се сакате себеси. Само променете ја својата перспектива и ќе сфатите дека нашите тела се прекрасни и дека секоја стрија крие во себе приказна – приказна за љубов и надеж

Иако објавата на Дезири не е нова, нејзините зборови се толку инспиративни и сметаме дека вреди да ги споделите повторно.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]