Експертка тврди дека децата можат да си легнат околу 18 часот и да спијат до изутрина

„Многу родители мислат дека тоа води до рано будење. Но, во повеќето случаи, тоа е тајното оружје за вашето дете да се наспие. Тоа обично значи дека ќе се разбуди во вообичаеното време", вели таа.

0
236

Експертка за спиење за бебиња и деца, споделува корисни совети за родителите на нејзината страница на Инстаграм @restgrowthrive. Во едно од последните, таа открива дека родителите можат да ги легнат своите деца во 17 и 30 или во 18 часот попладне и дека тоа не значи дека нема да спијат до утрото.

„Многу родители мислат дека тоа води до рано будење. Но, во повеќето случаи, тоа е тајното оружје за вашето дете да се наспие. Тоа обично значи дека ќе се разбуди во вообичаеното време”, вели таа.

Сепак, дополнува дека ова е привремено решение за бебиња и деца кои не спијат доволно и дека родителите не треба постојано да го користат овој трик.

„Привремено одење во кревет порано помага да се избегне циркусот што го носи прекумерниот замор. Ако попладневната дремка била кратка или сте ја прескокнале, тогаш ова е метод што можете да го пробате”, вели таа.

Според Националната здравствена служба на Велика Британија, на бебињата на возраст меѓу 4 и 12 месеци им требаат од 12 до 16 часа сон на ден, вклучително и дремење. Деца на возраст од една до две години имаат потреба од 11 до 14 часа сон, оние на три до пет години 10 до 13 часа, децата на возраст од шест до 12 години – од 9 до 12 часа, додека на тинејџерите им се потребни 10 часа.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]