Терминот „крзнено бебе“ се појави не толку одамна и оттогаш почна да добива на сила. Во природата на човекот е да ни е потребен некој што би можеле да го сакаме.
Така, некои луѓе ги третираат своите миленици како рамноправни членови на семејството и се однесуваат кон нив како кон свое дете. Истражувањата покажале дека дури и хемијата на мозокот е слична на традиционалното родителство.
Експертите не се задоволни од овој тренд и предупредуваат.
Што значи да се третира миленичето како дете?
Иако за повеќето луѓе концептот на родителство се однесува на интеракцијата помеѓу човек и човек, бројот на „родители“ на домашни миленици расте. Некои луѓе почнуваат да ги применуваат традиционалните методи за родителство на своите миленици. Додека некои од нив се свесни дека потребите на животните и децата се различни, други го одгледуваат своето милениче како да е нивно дете.
Зошто појавата на родители на миленичиња стана се поприсутна?
Луѓето чувствуваат дека немаат доволно време или пари за деца. Како што се зголемуваат трошоците за воспитување деца, паровите можат да ја зачуваат својата интимност земајќи милениче за кое можат да се грижат взаемно. Некои дури ги ценат своите миленици повеќе од самата романтична врска. Покрај тоа, да се биде родител на домашно милениче нуди повеќе слобода и помалку жртви и трошоци. Се разбира, миленичињата бараат работа и внимание, но за разлика од детето, можете да ги оставите сами додека сте на работа.
Основните потреби на миленичињата се различни од потребите на детето
Во обид да ги направиме нашите бебиња со четири нозе посреќни, ги храниме со грицки кои често се многу заситени со маснотии и шеќер, и затоа може да ги ставиме во опасност. Со јадење заеднички слатки, како на пример сладолед, кој го сакаат и луѓето и бебињата со крзно, покрај негативните ефекти на шеќерот, сопствениците можеби не знаат дека кучето е нетолерантно на лактоза или може да има алергија на млечни производи, што може да доведе до проблеми со варењето.
Да се однесуваме кон како кон деца може да биде опасно за здравјето
Интимното однесување, како бакнувањето миленичиња, исто така, најверојатно ќе направи повеќе штета отколку добро. Кога ги бакнуваме, миленичињата добиваат човечки бактерии, а ние бактерии од нив. Истражувањата покажале дека ова го зголемува ризикот медицината да стане неефикасна и за домашните миленици и за луѓето, со што сите ќе бидеме во опасност. Иако врската помеѓу човекот и животното е важна, бакнувањето сигурно не е најдобрата опција за да станеме уште поблиски.
Проблематичното однесување на животните, ако се игнорира, може да доведе до уште поголеми проблеми
Третирањето на миленичето како човек е најлошото нешто што можете да го направите за него. Не им требаат мама и тато, им треба водач. Проблематичното однесување не треба да се сфаќа како слатко. На пример, кога миленичето е агресивно кон странци, не е смешно, миленичето не е само симпатично и заштитнички настроено, тоа е потенцијален проблем што треба да се реши.
Сопствениците исто така треба да бидат внимателни да не проектираат човечко однесување врз животните. На пример, истражувачите откриле дека вообичаените проблеми во однесувањето кај мачките не значат дека тие се само непослушни, често се знак на вознемиреност поради разделбата.
Родителите на миленичиња можеби бараат од животните работи што не ги сакаат
Кога зборуваме за тоа како животните доживуваат одредени ситуации, фаќањето на нивното тело обично е знак дека се нападнати. Значи, прегратката за миленичиња можеби не е добредојдена (но, се разбира, постојат исклучоци).
И додека сечењето на канџите и облекувањето на милениците кога е лошо времето е понекогаш неопходно, работите како боење на канџите и облекување во луксузна облека и додатоци не го подобруваат квалитетот на животот на миленичето и не прават ништо добро, освен што го задоволуваат родителот на миленичето.
Дали верувате дека е можно на животните да им ја покажете својата љубов без да ги третирате како деца?