Дали знаете зошто бебињата се раѓаат со сини очи, а подоцна ја менуваат бојата?

Бебињата не се раѓаат со целиот меланин што им е природно наменет. Процесот на созревање продолжува и по раѓањето.

0
189

Меланинот е пигмент кој делува такашто колку го има помалку, тој е посветол. Малите наслаги на меланин во ирисите ги прават очите сини, средната количина ги прави зелени или им дава боја на лешник, додека заради голема количина ирисот станува кафеав.

При раѓање, има малку пигмент, така што бојата на очите е посветла. Како што расте бебето, пигментот се зголемува. Меланинот е протеин, а количината и видот се запишани во гените. Ирисите кои содржат голема количина меланин се потемни.

Бојата на очите на бебето ќе се промени неколку пати на возраст до шест месеци. После тоа, промените малку се стабилизираат, а до првата година би требало да се формира окото, а со тоа и бојата.

Бојата на очите најдраматично се менува во периодот од шест до девет месеци, а понекогаш трае и до првиот роденден. Потоа можете точно да кажете каква боја на очи има бебето. Постојат ретки ситуации во кои бојата на очите на децата се менува до тригодишна возраст, но тоа повторно зависи од генетиката и количината на меланин.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]