Мојот избор е живот без деца

Моето семејство ме научи дека не мора секој да стане родител, вели Лара Еван, жена која отсекогаш знаела дека не сака да има деца, па дијагнозата ѝ дошла како олеснување.

0
130

Во средината на 30-тите години, Лара Еван дошла во ординацијата на загрижен ендокринолог.

„Треба да зборуваме за вaшите семејни планови. Нема лесен начин за да ви го кажам ова”, ѝ рекол докторот.

Тој ѝ кажал дека тироидната жлезда не функционира правилно, што ги комплицира нејзините опции за зачнување, ги прави скапи, а можеби и невозможни.

„И додека тој ми го скенираше лицето барајќи знаци на очај, тие никогаш не се појавија“, пишува Еван во есеј за Инсајдер.

Имено, дијагнозата ѝ дошла како утеха.

„Отсекогаш знаев дека не сакам да имам деца, а сите ми велеа дека ќе го сменам мислењето кога ќе ја сретнам вистинската личност. Некои ме обвинија дека сум себична, дека ќе жалам еден ден, додека имаше и такви кои мислеа дека треба да родам, а мајчинските чувства ќе си дојдат сами по себе“, се сеќава таа.

Вели дека е последна во низата жени кои не сакале да бидат мајки во своето семејство. Дури и нејзината мајка се согласила дека детето не било дел од нејзиниот животен план.

„Никогаш не сакав деца, но тебе ќе те задржам“, знаела да ѝ каже мајка ѝ.

Иако се смеела додека го кажувала тоа, не значи дека не било вистина. И мајката на нејзината мајка не уживала во мајчинството. И таткото на Еван го напуштил семејството кога таа имала пет години.

„Некои луѓе не одлучуваат да станат родители затоа што сакаат, туку затоа што мораат. Моите баби имаа деца бидејќи така требаше да се случи. Тоа ѝ се случи на мајка ми, одлична програмерка. Кога татко ми замина, таа даваше се од себе и плаќаше луѓе кои ѝ помагаа, се додека веќе не можеше да си го дозволи тоа. Имав девет години кога научив да пазарам намирници. Знаев дека сакам поинаков живот за себе и затоа избрав“, вели жената.

Таа вели дека нејзината мајка, пред да ја зачне неа, се одлучила за абортус.

„Кој и да ја слушал, знаел дека таа никогаш не се каела. Иако во средината на 1960-тите, таква постапка беше незаконска во САД, абортусите беа достапни. Сега е 2021 година и мажите се обидуваат да ги лишат жените од таа можност”, истакнува таа.

„Јас сум без деца затоа што одлучив да така и мојот живот е убав и полн со сите работи што се надевав дека ќе ги имам. Сакам тој избор да биде достапен за секого. Можеби животот без деца е само место за одмор, а можеби и дестинација. Во секој случај, родителството не е за секого, а и не би требало да биде“, заклучила таа.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]