Испраќањето на детето во ќош е застарен и лош метод

Дали го испраќате вашето дете во ќош? Експерт за родителство тврди дека овој метод е застарен и лош

0
76
Фото: Pexels

Иако многу родители мислат дека испраќањето на детето во ќош е ефикасен метод за дисциплинирање, експертот за родители, Кервин Ре, верува дека тоа прави повеќе штета отколку корист.

Освен што ги испраќаат во ќош, родителите понекогаш им велат на децата да си одат во собата или да седнат на стол. Логиката на овој метод е да му се овозможи на детето да се смири, да се одвои и да размисли за своето несоодветно однесување. Но, Кервин истакнува дека тајм-аутот делува на краток рок, но не и на долг, како што покажале децениските истражувања.

„Кога ќе го испратите детето во ќош, брзо ќе го добиете она што го сакате. Но, до 14-та година, ќе имате бунтовник во домот. Децата се мали луѓе кои тренираат, и ако практикуваме тајм-аут, тие ќе прераснат во возрасни кои избегнуваат конфликти, а не се соочуваат со нив. Тоа е она на што ги учи тој метод“, објаснил тој во видео на „ТикТок“.
За многу родители, неговата објава била олеснување затоа што, како што признаваат во коментарите, не им е пријатно да ги казнуваат своите деца на таков начин.

„Мило ми е што не го правам тоа сега“, коментира една личност.

Сепак, не се согласуваат сите со овој став.

„Тајм-аутот треба да биде минута за детето да се олади и да научи да ги контролира своите чувства. Ова треба да биде проследено со разговор. Проблемот е во тоа што луѓето се мрзливи и потоа забораваат да зборуваат со детето”, вели друг корисник на ТикТок.

@kerwinrae

♬ original sound – Kerwin Rae – Kerwin Rae

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]