Кога би требало да планирате деца, а кога не

Не планирајте да имате деца затоа што другите ви кажуваат дека „сега е време“ да го сторите тоа. Планирајте деца ако сте подготвени да го промените вашиот сегашен начин на живот

0
157

Кога жените ќе наполнат 30, на секој чекор некој им го споменува биолошкиот часовник и слушаат реченици како „сега е вистинското време“ или „кога деца?“ Како да им е многу лесно да слушаат за тоа и како и самите да не размислуваат за семејство. Желбата за деца е искрена и индивидуална, и во ред е да ги сакате или не – и на крајот на денот, никој не треба да одлучува за тоа наместо вас.

Меѓутоа, во современиот свет, кога другите очекуваат многу од нас, но и ние исто така очекуваме многу од себе, се случува самите да не сме сигурни што точно сакаме, што ни треба и на што сме подготвени во овој момент. Едноставно, како грижата и силните прашања да ѝ застануваат на патот на нашата желба и се обидуваат да ја насочат кон вистинската, а можеби и кон погрешната страна. Ако ги доведувате во прашање вашите чувства, можности и подготвеност за улогата на мајка – прочитајте подолу кога треба и кога не треба да планирате деца.

Планирајте деца ако вие и вашиот партнер навистина сакате да се поврзете на тој начин

Хармонично партнерство во кое има искрена љубов и пријателство е секогаш „плодна почва“ за правење деца. Ако постои силна врска помеѓу вас и вашиот партнер и желба да ја подигнете на уште повисоко ниво, бидејќи со вашиот партнер едноставно ја гледате иднината и сакате да споделите сè на светот – децата се следниот чекор. Секако, ако ги сакате и двајцата, ако мислата за создавање нов заеднички живот ве прави среќни. Затоа што може да сакате некого многу до крајот на животот, но без да сакате семејство.

Не планирајте деца ако тоа го бара вашиот партнер, а вие не сте подготвени

Меѓутоа, ако сте во добро партнерство, но со личност која е подготвена да има дете и тоа на кој било начин го „бара“ од вас или ве форсира – треба да почекате со одлуката и да му објасните дека иако го сакате, не сте подготвени на тој чекор. Без оглед на взаемната љубов, одлуката да се роди дете треба да биде взаемна и донесена со разбирање од двете страни. Ако се согласите да имате дете заради партнерот, може да завршите во ситуација да не сте задоволни од вашиот живот, а тоа ќе се одрази на среќата на вашето дете.

Планирајте деца ако сте подготвени да го промените вашиот сегашен начин на живот

Мајчинството дефинитивно носи промена и во приоритетите и во целосниот начин на живот и секојдневните навики. Особено во првите месеци и години по раѓањето на бебето, треба апсолутно да се фокусирате на мајчинството и да ги ставите другите области од вашиот живот на кратка пауза, односно да ги ставите на списокот со приоритети за неколку места подолу. Се разбира, вашата личност и интереси сè уште ќе бидат тука, само некое време фокусот ќе биде насочен на нешто друго и важно е да бидете свесни за тоа и да бидете подготвени да го прифатите.

Не планирајте да имате деца ако не сакате да ги смените навиките, ама мислите дека „така треба да биде“

Ако во моментот на прво место ви се вашата реализација, кариерата, излегување, експериментирање и патувања или некој сосема друг вид на пронаоѓање на себеси, почекајте со одлуката да имате деца. Не е важно колку години имате и дали сте во врска или во брак, вашиот живот е само ваша работа и одлуката кога ќе имате деца не зависи од ништо друго освен од вашите лични чувства.

Планирајте дете ако сте сигурни дека го сакате и ако сте подготвени за тоа дури и без партнер

Некои жени не се наоѓаат во партнерство и се задоволни од својот независен живот. Иако е важно за детето да ги има и двајцата родители, некои деца пораснаа доста добро само со еден – кој ги чуваше и ги сакаше и им го даваше потребното внимание. Затоа, сосема е во ред да воспитате дете самостојно, или со помош на вашето семејство, ако навистина сакате да го имате. Подобро е да го направите тоа сами, отколку да барате партнер кој можеби воопшто не е добар за вас, само заради детето.

Не планирајте да имате деца за да ги зачувате бракот или врската што веќе не се добри

Многу луѓе остануваат во врски кои не се баш најдобри, од навика, стара љубов или можеби се плашат да не останат сами. Во секој случај, на секого е да одлучи со кого сака да остане во врска или брак, но знајте дека планирањето на вашето дете кога вашата врска повеќе не оди во вистинската насока, веројатно нема да ви го спаси бракот. Бременоста може да ве натера да останете заедно, но вашите проблеми нема да исчезнат, а вашето дете ќе го почувствува тоа во подоцнежните години, а тоа не е виновно за вашето останување во врската.

Планирајте деца ако сте подготвени за мајчинската улога, наместо за другите животни улоги

Улогата на мајка е голема животна улога и сосема е во ред и да ја сакате и да не ја сакате. Со себе носи одговорност и истрајност, и навистина е една од најважните улоги во животот – ако се нафатите на неа. Затоа, добро размислете колку ви е важно и дали сакате да го прифатите тоа и не се впуштајте во тоа само затоа што ова се очекува од вас како жена. Да се ​​биде мајка е прекрасен избор, но не е задолжително и не треба да биде.

Не планирајте да имате деца затоа што другите ви кажуваат дека „сега е време“ да го сторите тоа

Сигурно, многу пати вашите родители или странци во го „солеле умот“ со изјави дека сега е вистинското време за децата и што уште чекате. Сепак, никој не знае подобро од вас кога е вистинското време. Затоа, не ги слушајте другите и следете го своето срце, бидејќи да бидеме искрени – децата баш и не можат да се испланираат. Децата се благослов. Понекогаш ќе ви се случат без никаков план, а некогаш ќе размислите малку за нивното доаѓање на свет, но секако е прекрасно, неверојатно, сосема неочекувано и ново кога ќе се родат. Единствено што е важно е моментот кога ќе станете родител, бидете свесни за тоа што сте направиле и останете посветени на вашето дете – затоа што за него сте сè на овој свет.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]