Спектакуларна хард рок забава за откривање на полот (ВИДЕО)

Денешните родители одат од една во друга крајност: Или не го кажуваат полот на детето додека самото не си го одбере или прават цели спектакли од откривањето на полот уште додека е во стомакот. Ова второво е сепак понормално, нели?

0
99

Идни родители направиле спектакуларно откривање на полот на бебето, со сите придружни реквизити за хард рок концерт, се разбира, и со хард рок песна на еден од најпознатите хард рок бендови „Ганс енд роузис“ (GN’R).

Станува збор за песната со соодветен наслов Welcome To The Jungle.

Денешните родители одат во две крајности, или не го кажуваат полот на детето додека самото не си го одбере, односно, го воспитуваат користејќи заменски неутрални заменки сè додека детето не им каже самото што најмногу му одговара, или пак прават цели спектакли од откривањето на полот уште додека е во стомакот. Според нас, ова второво е сепак понормално, нели? Иако, знаат да претераат, па досега ваквите откривања на полот знаеле да завршат и лошо.

Додека некои го прават тоа користејќи балони или сечејќи торта, има и драматични примери, како овој што се појави на ТикТок.

Снимката започнува со подигнување на вратата од гаражата. Осветлувањето е розово во едниот дел и сино во другиот. Мажот, идниот татко, излегува од синиот дел, а жената со кучето од розовиот. Потоа таа му ја додава топката на мажот, а тој ја удира силно од подот и од неа избива сина пудра, што укажува на тоа дека ќе добијат момче.
Снимката собрала околу 4 милиони прегледи.

@slamsauce22

Don’t worry kid, you’ll never have to wear a giants jersey a day in your life. #genderreveal #genderrevealparty #pregnancy #football #babyboy

♬ Welcome To The Jungle – Guns N’ Roses

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]