Неодамна една брачна двојка од областа Тимару во Нов Зеланд, упатила апел до надлежните да обезбедат повеќе места за пресоблекување на бебињата во оваа област. Имено, пред извесно време додека Шон О‘Киф бил со својата ќеркичка Накира во јавната библиотека имало потреба да и ги смени пелените но открил дека тоа не може да го направи. Вработените во библиотеката му советувале да го искористи женскиот тоалет во кој имало опрема за преслекување на бебиња.
Како и да е, Шон бил збунет од фактот дека во машкиот тоалет нема ваква опрема.
„Се чувствував непријатно затоа што требаше да го користам женскиот тоалет за да ја преслечам Накира“, рекол тој и одлучил да го направи тоа во друг објект кадешто имало такви услови. Сепак, ова ги поттикнало него и неговата сопруга да апелираат за воведување на ваква практика и во машките тоалети, како и воопшто, за зголемување на бројот на местата кадешто родителите ќе можат да ги пресоблекуваат бебињата.
Во некои објекти во нивната област постојат заеднички простории за родителите и нивните деца кадешто без да се чувствуваат непријатно ќе можат да влезат и да ги користат рамноправно и мајките и татковците. Надлежните во библиотеката одлучиле во најскоро време да обезбедат опрема за преслекување на бебињата и во машките тоалети.
Сте виделе ли вие некаде кај нас или во регионот машки тоалети со опрема за преслекување на бебиња и што мислите за ова?