Обично родителите им гледаат низ прсти на помалите деца, а кон поголемите се построги и повеќе ги казнуваат. Иако тоа некогаш е можеби и неправедно, повеќето сметаат дека така и треба да биде. Ако и самите сте биле постаро дете и сте растеле со помлади браќа и сестри и ако сте почувствувале таков однос од страна на родителите, веројатно ова не ви се допаѓало, а сега можеби чувствувате вина затоа што сте и самите построги кон своето првородено дете.
Сепак, пред да почувствувате вина затоа што понекогаш не ги третирате децата на ист начлин, земете го предвид фактот дека е нормално да имате поинаков однос кон постарото дете. Такја тврдат научниците од Универзитетот Темпл кои ја проучувале ситуацијата во која имаме поголеми очекувања од постарото дете и откриле дека повеќето родители го третираат најстарото дете поинаку, со цел тоа да биде добар пример за останатите.
Исто тскс, истражувањето покажало дека повеќето првородени деца не им забележуваат на родителите за ова подоцна во животот, напротив, израснуваат во подеднакво задоволни луѓе како и нивните помлади браќа. Првородените кои како возрасни луѓе стапиле во брак и имале свои деца, дури и попозитивнои од помладите го коментирале своето детство. Многу родители се грижат заради изговорените зборови или заради тоа кој ефект ќе ги имаат тие врз децата доколку понекогаш не ги третираат исто. Но факт е дека е некогаш невозможно да се биде фер, а некоја утеха е и сознанието дека тоа не остава значајни последици на најстарото дете.