Зошто се повеќето деца размазени?

Кога ги земаме од училиште или од градинка им ги носиме ранците, им ги средуваме собите, им го готвиме само омиленото јадење, правиме се за да им биде удобно, а сето тоа создава чувство на повисока вредност кај децата.

0
1032

Правите најдобро што можете затоа што сакате вашите деца да бидат среќни. Премногу сте внесени, сакате да имате контрола над се, сакате тие да се чувствуваат посебно и важно. Им го организирате времето, им поставувате милион прашања, не сакате никогаш да бидат разочарани,…Но, грешите и затоа се децата размазени. Еве каде грешите:

  1. Преговарате

Кога детето нешто сака, почнуват преговори: Ќе ти купам ако бидеш добар. Често велите: Добро, ќе ти дадам уште една шанса, а тоа се претвара во уште неколку шанси. Преговарањето може да биде  добра алатка, но ако сакате да биде фикасно, мора да повлечетe линија која не може да се премине. Кога ќе ја преминат линијата, играта на преговарање е готова.

  1. Ги чистите нивните соби

Понекогаш едноставно не можете да издржите. Нивните соби изгледаат како да паднала бомба. Валкана облека, мокри пешкири, хаос во креветот – хаос насекаде. И наспроти сето тоа на детето му е сепак дозволено да си ги извршува сите свои планирани активности и играње. Сепак му е дозволено да гледа ТВ и да се дружи со пријателите. Никогаш не ја средува собата кога ќе го замолиме иако постојано ветува дека ќе го направи тоа утре. Ги завиткувате ракавите и ја средувате вие. Така детето се навикнува некој да чисти по него и не мисли дека е тоа нешто вредно за внимание.

  1. Им ги носите ранците

Да, навистина се тешки. Но вие не сте товарни мазги. Премногу работите на тоа на детето да му биде удобно а тоа дефинитивно создава кај него чувство на повисока вредност.

  1. Ги прашувате што сакаат за ручек

Се сеќавате ли дали вие некогаш сте барале нешто специјално за ручек? Дали се сеќавате мајка ви некогаш да ви кажала: Деца, сакате ли да одиме на ручек или остануваме дома? Одењето на ручек беше само за посебни пригоди, а за ручек обично се правеа грашак, грав, компир манџа, мусака, ориз со кокошка, зелка и сето тоа во големо тенџере. Но знаете што? Јадевме тоа што ни го ставаа пред нас.

  1. Нивните планови се поважни од вашите

Не можете да одите со пријателката на кафе затоа што син ви има натпревар. Тоа е најчесто во ред, но не мора секогаш да биде на прво место. Но тој можеби ќе игра подобро ако не сте таму за да навивате. Слободно пропуштете некој натпревар.

  1. Само сакате да сте среќни

Најнова вест: Децата не би требало да бидат среќни цело време. Односно, во ред е ако некогаш и не го добијат тоа што го сакаат, ако некогаш мораат да направат и нешто не сакаат или ако некогаш и не отидат некаде кадешто сакаат да одат. Игнорирајте ги нивните воздишки и превртувањето со очи. Тоа е во ред затоа што не се врти се околу нив и нивната константна среќа.

  1. Си го поткопувате меѓусебно родителскиот авторитет

Ова е вообичаена грешка. Детето ги прашува родителите дали може да преспие кај своето другарче. Едниот родител вели: НЕ, а другиот вели: ЗОШТО ДА НЕ? Нашите деца ќе бидат подобри ако сме ние усогласени и обединети. Треба да се придржувате кон договорот, во спротивно децата ќе научат дека родителите се еден против друг.

  1. Не им доделувате задолженија и одговорности

Ако детето не ја поставува масата, не ја раскрева масата, не го чисти снегот или не го шета кучето, тогаш преостанува единствено да почне да ви плаќа кирија.

  1. Ги оправдувате за нивното лошо однесување или за лошите оценки

Уморни се, гладни и нервозни. Тоа се глупави изговори. Беше до доцна на тренинг па не стаса да ја сработи домашната. И ова е подеднакво лошо изговор. Мора да прекинете да ги оправдувате лошото однесување и лошите оценки на вашето дете. Без дисциплина, ќе биде тоа само уште едно размазено дете.

  1. Се расправате со наставниците

Важно е да ги поддржувате своите деца, но дури откако нашите деца ќе се заложат сами за себе. Кога наставникот ќе забележи дека детето попуштило во учењето, верувајте му. Најчесто наставниците само сакаат да помогнат и не го кажуваат тоа затоа што го мразат вашето дете. Кога спорите со децата дали е доволно да учат само половина час или дали е предоцна да се напише домашната задача, децата научуваат дека може да продолжат да бидат мрзеливи затоа што родителите ќе го оправдаат неговото однесување. Децата мораат да научат да ги почитуваат своите наставници и да си ги завршуваат задачите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]