Зошто некои деца се толку често лути?

Во ред е повремено да се лутат, со причина, но ако е вашето дете често луто, можеби причините за тоа се токму овие

0
634

Децата, како и возрасните се доследни на својот каратер, но дали децата имаат воопшто  причини да бидат лути. Секако, причина за ова мое да биде се и сешто, најчесто фактот дека не добиле нешто што сакале, но некои деца едноставно никако не можат да ја контролираат својата лутина. Што да се прави во такви ситуации со нивната лутина? Дали е причина за ова навистина карактерот или станува збор за нешто многу поважно што го мачи вашето дете.

Ако вашето дете константно покажува лутина без некоја очигледна причина, можеби го мачат овие проблеми.

  1. Можеби е вашето дете констатно уморно

Многу родители кога детето ќе излезе од фазата на јасли, не и продаваат толкава важност на количината на сонот па многу деца всушност не спијат толку колку што треба. Резултатот на ова е константен замор. Децата не го покажуваат како возрасните, но затоа се почесто раздразливи, нервозни, па не им треба многу за уште поголема лутина.

Затоа добро размислете дали е вашето дете вечно луто затоа што не спиело доволно. Не заборавајтре дека се тие се уште во развој и дека на нивниот организам му треба многу повеќе енергија, а со самото тоа, и повеќе сон отколку на возрасните.

  1. Не можат да се справат со своите емоции и да ги изразат со зборови

Ако вашето дете често се наоѓа во ситуација кога едноставно не може да излезе на крај со своите чувства, колку вам и да ви изгледаат таквите ситѕации мали и безначајни, знајте дека децата тоа ги погодува многу повеќе отколку што изгледа. Тогаш нивната лутина е слична на фрустрација, но колку се децата поголеми, има се повеќе работи што ги преокупираат и збунуваат па можеби лутината доаѓа од таму? Во тој случај на вашето дете му треба малку од вашето трпение за да го натерате да ви се отвори со мирен разговор.

  1. Можеби проблемот е делумно и со медицински карактер

Во случај вашето дете често да покажува знаци на лутина и притоа е прилично агресивно, без назнаки зошто дошло до лутината и кога би можела да помине – можеби би било најдобро да поразговарате со неговиот педијатар. И во тој случај знајте дека сигурно нема да добиете брз и едноставен одговор, затоа што зад неговите испади можат да стојат многу нешта.

  1. Можеби вашето дете се чувствува немоќно?

Децата се најчесто лути заради родителските одлуки, а ако вие спаѓате во онаа група која не сака многу да објаснува, но затоа сака детето да живее според вашите правила, ова би можело да биде главна и единствена причина за нивната лутина.

За да може да научи дететео би требало да има избор, а не да слуша наредби па затоа попуштете пред да порерасне лутината на вашето дете од привремена во навика.

5. Можеби е лутината само одраз на некое друго пригушено чувство. Со децата никогаш не може со стопроцентна сигурност да се каже дека го мислат она што го велат. Секако, децата, а особено малите, не посегаат толку по лаги, но многу често знаат да ја премолчат вистината. Така лутината што ја покажува кон вас, кон своите браќа или сестри, можеби и воопшто немаат врска со нив, туку, на пример, со проблем во училиштето, проблем со некое одредено дете од училиште, но ако детето не е во ситуацијада го реши баш тој главен проблем лесно е возможно дека со преусмерена лутина ќе ги исфрла своуте негативни чувства.

  1. Вашето дете ве гледа и ве имитира

Лутината е исто така едно од чувствата кои лесно можат да се копираат. Можеби и не сте свесни за тоа, но ако стре вие често лути на светот околу себе, на луѓето и околностите, тогаш и вашето дете би можело да почне да се однесува слиучно како вас. Тоа не значи дека пред детето треба да ги криете чувствата – во ред е да се покаже сопствената лутина, ако за неа постои вистинска причина, но ако таа немна врска со детето, обидете се вашата лутина да не ги засени сите оние среќни моменти. Обидете се на детето со своите постапки да му дадете на знаење дека е лутината во ред ако за неа постои некоја причина, но потрудете се како родител да се лутите што помалку. Добро ќе ви дојде и за вашето здравје, а и вашето дете наместо намуртено лице на своето лице ќе има среќна насмевка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]