Зошто не треба да одиме на прсти кога бебето спие?

Шумовите и звуците им се многу потребни на бебињата, знаете ли зошто тие им требаат за да се чувствуваат подобро?

0
1145

Една од најголемите грешки што ги прават младите родители со своето прво дете, тоа е она чувство дека бебето мора да биде во тишина, дека не треба да му сметаат никакви звуци, затоа што инаку би го направиле нервозно.

Веројатно и самите во првоте месеци по раѓањето на вашето бебе сте оделе на прсти околу своето бебе, не знаејќи дека со тоа прилично сте го „шокирале“ бебето.
Се сеќавате ли на оној прекрасен, гласен звук од ултразвукот – оние шумови и тапи удари? Е па тоа е звукот што вашето бебе го слушало полни девет месеци во стомакот и потоа, после породувањето и доаѓањето дома наеднаш сте и направиле една за нив ужасно непозната ситуација – мир и тишина.

Се уште се чудите затоа што вашето бебе не спие или ви се се уште чудни и нелогиќни оние чудни и нелогични приказни на некои родители дека своето бебе можат да го успијат само со звукот на фенот, правосмукалката, возејќи го во автомобил?
Сетете се – бебињата имаат потреба и уживаат во познато опкружување затоа што само ако почувствуваат дека се наоѓаат во ситуација во која се чувствуваат безбедно – дури тогаш вашето бебе ќе се чувствува доволно сигурно за конечно да потоне во сон.
Без мир и тишина, со звуци кои се нормални, секојдневни и кои му се толку потребни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]