Зошто не е добро бебето да спие цела ноќ?

Додека другите ве жалат затоа што сте ненаспани, а вие сакате бебето што поскоро да почне да спие цела ноќ, имајте ги на ум следните факти заради кои не е добро бебињата да спијат предолго без будење.

0
2024

Едно од најчестите прашања упатени до новопечените мајки е секако ова: Спие ли бебето цела ноќ?

Сите мајки копнеат тоа конечно да се случи и самите да можат  да се наспијат. Иако бебињата почнуваат да воспоставуваат распоред за спиење уште од самото раѓање, после осмата недела е можно детето да почне поретко да се буди ноќе.

Треба да се има на ум дека системот за вварење на бебето е се уште во развој и со секое хранење детето зема толку млеко колку што може да свари. Но после 2-3 часа детето е повторно гладно и не е реално да се очекува дека ќе спие цела ноќ се додека не биде во состојба да изеде доволно за да биде сито во текот на цела ноќ.

Секое дете е поинакво и не се развива со иста брзина. Да се очекува детето да спие цела ноќ без престан можже да се очекува дури помеѓу третиот и шестиот месец од животот на бебето. Додека другите ве жалат затоа што сте ненаспани, а вие сакате бебето што поскоро да почне да спие цела ноќ, имајте ги на ум следните факти заради кои не е добро бебињата да спијат предоллго без будење.

Новороденчето нема воспоставен поим за времето, односно, се уште не разликува ден од ноќ. Бебињата спијат по природен ритам како што спиеле во стомакот. Ниввниот сон не може да го следи вашиот распоред затоа што невролошкиот систем се уште не е доволно созреан и заради тоа не спијат со длабок сон како што е тоа случај кај возрасните.

Меѓутоа, лесниот сон е побезбеден за бебето. Опасностите од синдромот на ненадејна смрт на новороденчињата, се зголемуваат кога детето спие подолго и со дабок сон. Полесен сон бебињата имаат кога спијат на грб, што е воедно и најбезбедна положба за доенчињата.

Заради неразвиениот систем за варење бебињата не можат да изедат многу, а важноста на сонот им е понекогаш поголем приоритет од хранењето. Ако бебето заспие во текот на хранењето обидете се да го разбудите еднаш, а ако повторно заспие, преместете го во креветчето. Бебињата кои се родени со ниска родилна тежина би требало да се будат за јадење почесто за да зајакнат побрзо.

[better-ads type='banner' banner='999' ]