Зошто луѓето треба да престанат да го поставуваат ова бесмислено прашање?

Кога ќе направите дете? Кога ќе му/ѝ родите братче/сестриче?

0
611

Очигледно дека ваквите прашања не се на место па ви треба добра стратегија или пак треба да бидете доволно гласни за да ги подучите луѓето дека не е нивна работа кога некоја двојка е направи дете или е добие уште едно.

Ако и вас ве нервира прашањето на љубопитниците околу вас од типот: „Кога ќе направите едно дете?“ – тогаш ќе сфатите што сака да каже оваа мајка.

Адела Барбаро и нејзиниот сопруг со години се обидувале да добијат дете, но бидејќи не зборувале за тоа на сите ѕвона, луѓето често ги напаѓале со прашањето „Кога?“

Всушност, тоа не било секогаш прашање, често звучело повеќе како совет. „Знаеш, неа да станеш помлада“, „кога ако не сега“, „зошто сте толку себични“, „не знаеш колку е убаво да си мајка“, „колку сте долго во брак, а немате деца?!“…

Тие и слични коментари оваа мајка ја убивале буквално во поим, но бидејќи не сметала дека нејзината бременост е туѓа грижа, не се оправдувала кажувајќи ги причините. А тие биле се само не себични.

Имено, Аделаа не можела да забремени по природен пат, па имале повее разочарувања заради неколку неуспешни обиди. Таа и сопругот одлучиле да си ги задржат за себе сите свои обиди за вештачко оплодување, како и тагата која ги обземала кога тестот ќе се покажел негативен.

Затоа на сличните прашања одговарала поинаку – велела дека се уште не сакаат деца, се правдала со планови за патување, за кариера и слично, се само за да престанат да зборуваат за искуството кое ги болело и за кое навистина не сакале да зборуваат со другите.

Но откако им успеала првата бременост, после која добиле син, а потоа и уште едно дете, и двете производ од бројните болни обиди за вештачко оплодување, луѓето дури и денеска знаат да ги прашаат: „Кога е биде третото?“

Луѓето го поставуваат ова прашање иако одговорот честопати не ги засега, особено не оние кои со леснотија ги добиле своите деца. Додека пак луѓето кои иммаат проблем, ваквите прашања дополнително ги депримираат и ги растажуваат затоа што чувствуваат како постојано да мора да се бранат во јавноста и како да не се трудат доволно да станат родители.

Затоа ве молам, престанете да поставувате вакви прашања, затоа што не е ваш проблем дали, кога и колку деца ќе има некој.
Ова прашање нека остане приватно прашање на секоја двојка и нивното најтесно семејство, а сите останати нека се грижат за себе, за своите деца и за своите планови. Така барем нема никого дополнително да повредите со прашање кое нема никаков смисол.

[better-ads type='banner' banner='999' ]