Зошто Кинезите им облекуваат на децата пантолони со дупки?

Ако се прошетате по некоја улица во Кина, ќе забележите дека насекаде гледате откриени бебешки газиња. На запад оваа практика сѐ уште предизвикува чудење

0
1380

Пантолончињата кои имаат посебен отвор на задникот и на гениталиите во Кина не се никаква новост.

Се викаат Каи Данг Ку и нивните отвори се наменски, за да можат децата да ги задоволат своите физиолошки потреби во било кој момент.

Туристите од Запад ваквата практика редовно ги запрепастува, а некои се згрозуваат, што е прилично лицемерно со оглед на тоа што и самите сѐ повеќе ја прифаќаат техниката за рано навикнување на децата да ги контрлираат физиолошките потреби, па на бебињата не им ставаат пелени туку се обидуваат да предвидат кога детето ќе почувствува потреба.

Во основа, и овие кинески пантолончиња се истата работа, со тоа што тие отишле чекор понатаму.

Од друга страна, се поставува и прашањето дали е ова различно од тоа кога на детето ќе му се примочка па родителите му дозволуваат да мочка во парк.

Што мислите вие за ова? Неприфатливо, дегутантно или сосема во ред?

[better-ads type='banner' banner='999' ]