Зошто јапонските деца сами одат на училиште?

Дури и во големите градови како Токио може да се видат многу деца на шестгодишна возраст во училишни униформи кои се возат сами или во групи со метро. Одговорот на прашањето зошто е тоа така нема толку врска со самостојноста на децата, колку со довербата во општеството.

0
290

Вообичаена слика во јапонскиот јавен превоз се децата кои минуваат низ вагоните на подземната железница, сами или во мали групи, но речиси никогаш во придружба на возрасни. барајќи слободни места или пак сосема сами одат и пазарат од продавница. Одговорот не е толку во самостојноста на децата колку што општествената одговорност. Во Јапонија веќе 25 години една од најгледаните телевизиски емисии се вика „Мојата прва задача“ и во неа се праќаат деца од две или три години до продавница, а на нивниот пат до таму тајно ги следи камера.

Антропологот Двејн Диксон кој има пишувано за културолошките аспекти на јапонскиот подмладок вели дека тука не станува толку збор самостојноста на децата, туку за потпирањето на заедницата.
Децата во Јапонија уште од најмала возраст научуваат дeка нивната заедница функционира такашто секој нејзин член мора да им помогне на другите, што особено доаѓа до израз во училиштaта каде што малите наизменично чистат ходници или послужуваат јадење.
Одговорноста за заедничкиот простор во нив буди чувство на гордост, со тоа што ги научуваат и последиците од правењето неред, затоа што ќе треба сами да го исчистат. Ваквото однесување се применува ви било кој јавен простор и заради тоа децата на улица знаат дека можат да се потпрат на заедницата во случај на потреба. За ова секако придонесува и фактот што во Јапонија има низок степен на криминал, луѓето често пешачат од точката А до точката Б, пола од населението користи јавен превоз, а возачите секогаш им даваат предност на пешаците и на велосипедистите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]