Знаете ли колку му треба на бебето за да го изговори првиот збор?

Бебињата почнуваат да го развиваат говорот многу рано, а веќе во шестиот месец многу од тоа шти им се зборува и целосно го разбираат.

0
1915

Истражувањето на институтот за проучување на мозокот во Вашингтон дошло до заклучо дека бебињата го „тренираат“ зборот што сакаат да го изговорат и многу пред тоа навистина и да им успее.

Бебињата почнуваат да го развиваат говорот многу рано, а веќе во шестиот месец многу од тоа шти им се зборува и целосно го разбираат.
Својот прв роденден бебињата најмногу се фокусираат на изговорот на зборовите што најчесто ги слушаат.

Слушајќи ги родителите со кои поминуваат најмногу време, бебињата го ставаат фокусот на зборовите кои им се чинат едноставни за изговарање и докажано е дека мозокот на бебето многу рано се обидува да сфати како правилно да го изговори зборот. Со неинванзивно снимање утврдено е дека оној дел во детскиот мозок кој е задолжен за планирање на движењата на говорот е активен додека ги слушаат своите родители како им зборуваат.

При тестирањето родителите наизменично им зорувале на мајчиниот јазик и на шпански. Кај бебињата до 7 месеци деловите од мозокот се активирале кога го слушале родителскиот глас, без оглед на тоа на кој јазик тие им зборувале. Кај децата постари од 7 месеци воочена е активација на набљудуваните подрачја во мозокот кога родителите им зборувале на мајчиниот јазик.

Целта на ова истражување била да им укаже на родителите на важноста од разговор со бебињата уште од првите денови. Детето го развива својот мозок слушајќи не, па со тоа што ќе му зборувате на детето, вие ќе го подготвите на прите зборови кои ќе ги изговори.

[better-ads type='banner' banner='999' ]