Кога треба да се загрижите ако детето не сака да јаде? 

Децата што одат во градинка често имаат периоди кога јадат многу малку, но  за ова треба да се загрижите само во неколку случаи.

0
2610

Иако не е невообичаено ниту за училишната возраст, мајките многу повеќе се грижат кога тоа се случува кај помалите деца. Притоа родителите често забораваат дека дневните потреби на децата и на возрасните битно се разликуваат.

Освен самата намалена потреба за храна, децата кои одат во градинка често немаат време да јадат затоа што се презафатени со играње. Седењето на маса и мирно јадење на оброкот особено ако во чинијата нема некоја омилена храна, е секогаш здодевно наспроти забавната игра и трчањето наоколу.

Многу е важно да не потклекнете пред детето кое го одбива оброкот, особено ако тоа одбива да јаде само здрава храна. Без грижа, детето нема да умре од глад и кога ќе биде гладно сигурно ќе се согласи да ја изеде храната што му ја нудите. Но ако му дозволите да јаде чоколадо или чипс, како замена за здравиот оброк кој одбива да го јаде, тогаш сте започнале долготрајна борба за која сте главно виновни самите вие. Свесни сте дека нездравата храна смее да биде присутна во исхраната на детето само еднаш или двапати неделно, а ако на првото одбивање на храната на „лажица“, вие му дозволите на детето да јаде чоколадо, тоа ќе верува дека ова може да му поминува секој ден и ќе продолжи со одбивањето да јаде здрава храна.

Ако сепак кога детето не сака да руча тоа го прифатите смирено, без да го нудите повеќе пати или дури да го молите да јаде, а притоа не му дозволувате да јаде нездрава храна, на детето ќе му стане јасно дека ако не го изеде тоа што е во чинијата, ќе остане гладно.

Колку повеќе притосок му правите, тоа повеќе ќе ја одбива храната. Наместо тоа, нудете му на детето помалку храна, но таа нека биде здрава, а секако, и самите бидете му добар пример и не посегнувајте по нездрави намирници. Секогаш на масата нека има здрави „грицки“ како јаткасти плодови, јаболка или исечкан свеж морков.

Но и дисциплината мора да има граници па ако детето навистина не сака само неколку намирници, не го терајте да ги јаде. Има доволно видови на овошје и зеленчук кои успешно ќе му ги надополнат на детето потребите за витамини. И конечно, никој од нас не сака да јаде апсолутно се. Ако детето забележи дека ги почитувате неговите желби, состојбата сигурно ќе се поправи.

Запомнете, нормалниот раст и развој се мерливи, а воедно се показатели на адекватна исхрана. Ако вашето дете нема тешкотии во развојот, а добива на тежина во согласност со возраста, значи дека јаде сосема доволно. Се сеќавате на скоковите во развојот кога детето беше многу мало? Тогаш скокот во зголеменета потреба за храна многу повеќе се чувствуваше, но скоковите во развојот се уште траат. Ако минатата недела детето јадело многу, а се наеднаш престанало, тоа е така затоа што така барал неговиот организам. Впрочем, ќе видите и самите за што станува збор после ден или два.

[better-ads type='banner' banner='999' ]