Зад љубоморните или лути испади на детето може да се крие и тага

Секојдневните обврски на возрасните често влијаат и врз најмалите и најчувствителни членови на семејството – децата. 

0
462

Понекогаш имаме чувство дека одвојуваме се помалку време за потребите на децата кои не бараат ништо друго освен внимание и љубов. А токму тој недостиг на време и неперципирање на детските емоции и потреби можат да предизвикат чувство на тага кај детето.

Тагата е една од четирите основни емоции, а стручњаците ја сметаат за многу комплексна кога станува збор за деца. Таа е единствената емоција кадешто родителите се чувствуваат на некој начин беспомошни.

Тага заради недостаток од внимание или пофалба

Една од најчестите причини за тага кај децата е недостатокот на внимание или на пофалба што често се случува во семејствата со повеќе деца. Така на пример, приновата во семејството кај некои деца предизвикува негативни емоции. Поради доаѓањето на бебето детето стекнува чувство дека повеќе не е во центарот на вниманието и дека му се обрнува помалку вниамние од претходно. Тагата која притоа ја чувствува за него е реална и застрашувачка.

Упатувањето на пофалби за едното дете кое на пример ги собрало играчките, а занемарувањето на другото дете, односно, на неговите емоционални потреби, исто така може да предизвика тага.

Тага прекриена со други чувства

Не е реткост тагата заради недостаток од внимание или пофалба да е прикриена со чувство на лутина или љубомора што се манифестира и во однесувањето на детето. И праксата потврдила дека кога родителот малку подобро ќе размисли, најчесто доаѓа до одговор дека е детето всушност тажно, а не луто или љубоморно на братот или на сестричката.

Што да се прави?

Како да се однесувате во такви ситуации? За почеток, утешете го детето и потсетете го дека ќе има нови ситуации кога ќе може да одбере да се однесува поинаку. На детето можете и да му објасните што му се случува со зборовите: „Тешко ти е да слушаш како го фалиме брат ти или сестрата за неговиот труд; и ти би сакал да бидеш пофален“. Не заборавајте да го гушнете вашето дете и да го потсетите дека со тоа што ја изгубил пофалбата или дополнителното внимание, не ја изгубил и родителската љубов.

Без оглед на тоа колку ни е некогаш тоа тешко и неизводливо, за децата секогаш мора да најдеме време и простор за да им упатиме некој топол збор и прегратка. Пред се, љубовта ништо не чини, а тоа е она што ним најмногу им треба.

[better-ads type='banner' banner='999' ]