Колку пелени ќе потрошите во текот на неделата кога ќе се роди бебето? Колку машини за перење ќе мора да пуштите?
Сите тие бројки често ги мачат идните мајки, а порталот The Bump ги собрал сите на едно место. Некои од наведените бројки ќе ви помогнат да се подготвите, додека пак некои се тука само за забава.
715 – број на машини за перење кои ќе ги пуштите додека бебето да наполни една година.
320 – број на пелени што бебето ќе ги потроши за еден месец
32,400 – минути кои ќе ги потрошите на доење во првите 6 месеци
2 – број на месеци кои родителите најчесто мора да ги поминат за да ја видат првата насмевка на бебето
50 – број на забави, кафе и други интересни друштвени настани кои ќе ги одбиете до првиот роденден.
84 – број на пелени кои ќе ги искористите во првата недела.
150 – пати ќе заплачете во првата година (од мака, среќа или поради хормоните)
20 – пати неделно вашиот сопруг ќе се понуди тој да ја смени пелената или да го избања бебето.
141 – пат во првата година од животот ќе забележите дека се однесувате исто како вашата мајка.