Овие денови на интернет кружи приказната за еден Британец, донатор на сперма кој како и многу други, е причина за сосема нов поглед на вештачкото оплодување.
Во недостиг од партнер или заради желба самите да одгледуваат деца, а има тука и хомосексуални двојки, се чини дека жените ја зеле работата во свои раце.
Тоа довело до сосема нови трендови, чие влијание ќе биде малку потешко да се одгатне.
Имено, со оглед на тоа што е вештачкото оплодување прилично скапо за луѓето кои немаат партнер и за оние кои немаат дијагноза затоа што здравственото осигурување не им ги покрива трошоците за оплодување или пак не живеат во земји во кои е тоа возможно, луѓето се повеќе се вртат кон Фејсбукот.
Покрај се друго, денеска на Фејсбук може да се најде дури и донатор на сперма. Тука ниту самото значење на терминот „донатор“ повеќе нема смисол затоа што мажите не ја донираат туку ја продаваат својата сперма, но, како што раскажал еден од нив, за 30 фунти, што е „добра цена“ и за идните родители, а и за нив кои на таков начин си ја дополнуваат заработувачката.
Приказната за овој несекојдневен, но дури и логичен тренд, ја раскажал за Би Би Си маж кој има жена и семејство, но неговата сопруга не знае дека нејзиниот сопруг е воедно и татко на 59 децца, и дека уште седум се на пат.
Своите искуства решил да ги раскаже, се разбира, анонимно.
Филмчето во кое многу жени, двојки и донатори ги раскажале своите искуства, излегло кон крајот на август, а отворено зборува за начините на барање на донатори и заинтересирани клиенти, начините на кои се собира спермата и начините на оплодување кое често се случува природно, во текот на договорените сексуални односи. Ова е приказна за тоа каде се наоѓаат таквите луѓе, како се извршува плаќањето и сите останати детали од кои јавноста останалла без текст.
„Вештачкото оплодивање во Велика Британија чини околу 5.000 фунти, а „донаторите“ ги наплаќаат своите услуги минималлно 30 фунти. Затоа луѓето се согласуваат буквално на се, на малку срам и замижување на едно око, само за да најдат начин да добијат свое бебе. Некогаш се среќаваме во ресторан, кадешто со надокнада го пеедавам своето пакетче. Некогаш пак се договараме за мотел кадешто имаме секс без заштита, со надеж дека оплодувањето ќе успее. Или само се наоѓаме за да им го дадам пакетчето а тие потоа со шприц си ја одработуваат работата до крајот. Сето тоа денеска мое лесно да се направи без никакви официјални траги и процедури“, заклучил, меѓуостанатите, еден од донорите оф филмот кој има впечатлив наслов: „Очајнички барајќи сперма“.
Филмот зборува за тоа колку се луѓето понекогаш очајни што за малку пари се осмелуваат да се најдат со непозната личност и да одат по сомнителни места, да го прават „она“ со некој друг, со согласност и со знаење на партнерот, и сето тоа само за да добијат можност да имаат дете. И притоа, „донаторите“ не донираат баш ништо, туку ја наплаќаат својата услуга која е сепак далеку поефтина од официјалната.
Чудни времиња, нели?
Повеќе за ова во видеото: