Во училиштата во кои чевлите се оставаат пред врата, децата сo подобри резултати

Следејќи го примерот на Скандинавија, децениското истражување во кое учествуваа 25 училишта ширум светот покажаа дека децата се повеќе ангажирани во средина на неносење обувки 

0
335

Децата кои учат без чевли има поголема веројатност да се однесуваат подобро и да добијат добри оценки од нивните врсници со обувки, открива едно истражување кое траело една деценија.

Истражувачите на Универзитетот во Бурнемут откриле дека учениците кои ги оставаат чевлите надвор од училницата има поголема веројатност да стигнуваат на училиште порано, да останат подоцна и да прочитаат повеќе – во крајна линија резултираат со генерално подобри академски постигнувања.
По набљудувањето на илјадници деца од 25 земји во текот на десет години, академиците велат дека сакаат да охрабрат оваа практика да биде усвоена во основните и средните училишта во Велика Британија.

Веќе има голем број училишта во Англија кадешто ваквата политика е имплементирана, следејќи ги скандинавските навики, кадешто таа практика веќе се смета за нормална.
Како што ги посетуваа училиштата во Нов Зеланд и Австралија за проектот, истражувачите го проучуваа постигнувањето на децата во едно училиште во западен Лондон по воведувањето на таа практика, анализирајќи ги академските резултати на учениците во текот на нивниот пат во училишните години, се до универзитетот.
Експертите откриле дека со соблекувањето на чевлите, училниците станале потивки, обезбедувајќи помирна атмосфера во која учениците се подготвени да се вклучат во учењето.

Во Скандинавија и други северноевропски земји, вообичаена практика е чевлите да се оставаат надвор од училницата за време на лошите временски услови, за да не се внесуваат снег и кал од надвор.

Како и да е, училиштата во Шпанија, кадешто е повообичаено да се носат чевли во затворен простор, исто така ја тестирале теоријата и нашле дека е подобрено учењето и однесувањето на учениците.
Експертите веруваат дека кога децата се без чевли во училницата го подобруваат учењето, бидејќи тоа ги тера да се релаксираат и да се чувствуваат како дома, па ги повикуваат наставниците во Велика Британија да применуваат слични „безшумни“ политики за да им дадат на децата најдобри можни шанси за добри резултати на нивните испити.
Професорот Стивен Хепел, кој го предводел истражувањето со Центарот за извонредност во медиумската пракса на универзитетот Бурнемут, рекол: „Децата многу повеќе сакаат да седат на подот и да се релаксираат ако немаат на себе чевли”.
„Последното место на кое детето ќе седи да чита е сосема права столица и откривме дека 95 отсто од нив всушност не читаат седејќи на стол во домот. Кога се на одмор, тие читаат лежејќи.
Имањето на услови во училницата кои се како оние дома значи дека повеќе ќе читаат во училницата.
Исто така, во училиштата во кои се влегува без чевли децата стасуваат порано и си заминуваат подоцна, што значи во просек по половина час екстра учење во текот на еден ден“.
Според професорот Хепел, одењето по чорапи во училниците значи дека училиштата трошат околу 20 проценти помалку за сметките за чистење и помалку пари за мебел, бидејќи децата седат на перници на подот.
Според истражувачите, било значително намалено и малтретирањето во училиштата (булинг), а бидејќи „сè оди во нивна корист“, додал професор Хепел, детските академски стандарди исто така се подобруваат.
„Клучот за постигнување е ангажирањето и ако децата сакаат да бидат таму и уживаат да бидат таму, генерално се прават подобро. Кога ќе пристигнат доцна и ќе си заминат рано и ќе бидат исклучени, страдаат и нивните можности и перформанси. Децата со чевли се помалку ангажирани од оние без чевли “.
Доколку училиштата во Обединетото Кралство сакаат да воведат политика на неносење чевли, г-дин Хепел советува дека вработените, вклучително и наставниците и гостите, исто така, треба да ја прифатат навиката.
Што се однесува до мирисањето на стапалата, академикот рекол дека ова не е проблем – „детските нозе без чевли не смрдат, чевлите се тие што ги прават смрдливи“.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]