Повеќето родители никогаш нема да можат да ја сфатат до крај тагата, болката и грижата на родителите на болните деца. Притоа, не мислиме на деца со настинка или грип, туку на деца со сериозни дијагнози.
Затоа екипата на SickKids Foundation, по повод денот на Мајките, снимила кратко видео во чест на мајките кои едноставно морале да најдат во себе сила да живеат понатаму, да бидат цврста потпора на своите деца, да продолжат да работат, да продолжат да се грижат за своите деца.
Иако поголемиот дел од родителите никогаш нема да бараат таква сила во себе, сите барем делумно знаеме како изгледа тоа, сите се натажуваме на информацијата дека се разболело нечие дете, сите плачеме, сите разбираме, но само тие знаат како изгледа и покрај огромната болка, храбро да ги избришат солзите и да тргнат понатаму.
Во нивна чест е снимена оваа реклама, а мотото на челниците на оваа организација гласи: „Зад секое дете кое го пропушта своето детство заради болест, знајте – стои мајка чија задача е да остане цврста!“