ВИДЕО: Се повеќе двојки вежбаат родителство на бебиња-роботи

Вештачките бебиња повеќе и не се некоја новост, но се уште запрепастува нивната реалистичност

0
111

Станува збор за прилично скапа технологија, но за потребите на филмовите, рекламите, за професионални снимања, односно, за потребите на оние кои сакаат да имаат токму едно вакво бебе-клон – тоа е нешто што сигурно ќе ги задоволи и најпребирливите.
Имено, овие бебиња навистина изгледаат како клонови. Ако им ги стиснете образите ќе прават гримаси исто како и вистински бебиња, рачињата им се меки баш како и на вистинските, а цицаат цуцла и бараат храна како вистински бебиња.
Сепак, тие не се замислени како играчки за деца и цената им е се уште премногу висока.
Вакви бебиња се произведуваат најчесто токму за потребите на снимањата, меѓутоа, има и се повеќе родители кои токму на вакви клонови сакаат да научат по нешто пред да дојде на свет вистинското бебе.
За жал, постои уште една страна на приказната, малку потажна, а тоа е дека се повеќе мајки токму со помош на вакви бебиња сакаат да се утешат откако доживеале спонтан абортус или родиле „бебе ангел“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]