Вашиот тинејџер се вљубил?

Иако е за вас се уште дете, вашиот тинејџер е подготвен за својата прва љубов

0
144

Ако сте помеѓу оние среќници на кои децата сакаат да им ја доверуваат својата интима, не ги омаловажувајте и не го намалувајте значењето на неговите чувства доколку ви се довери дека е вљубен. Не го исмевајте, сослушајте го и помогнете му да ги реши сите недоумици што го измачуваат.

Разговарајте за неговите чувства

Една од првите работи што треба да му ги разјасните на вашето дете е дека за врска полна со љубов е потребно да го познава партнерот. Можно е да не му биде јасно со оглед на тоа што тинејџерите се вљубуваат и во личности што ќе ги видат на телевизија. Вооружете се со трпение, објаснете му дека пеперутките во стомакот се прекрасно чувство, но обрнете му внимание и дека емоциите можат да не му бидат возвратени и дека тоа не би требало да го обесхрабри.

Самодоверба

Врските во овој период од животот се ретко долготрајни, а кога ќе завршат или доколку љубовта не му биде возвратена, кај детето може да се создаде чувство на несигурност. Кога ќе забележите дека вашиот тинејџер ја губи самодовербата, разговарајте со него за тоа.

Мобилен телефон

Она што најчесто им смета на членовите на семејството е прекумерното користење на мобилниот телефон. Доколку постои симпатија во животот на вашето дете, имајте предвид дека тоа, буквално, нема да се одвојува од телефонот. Бесконечните допишувања со симпатијата можат да бидат симпатични, но бидејќи можат да влијаат врз другите обврски кое детето мора да ги исполни – потрудете се да имате увид во тоа колку време поминува во зборување и допишување.

Компромис

За да избегнете кавга, обидете се да направите компромис, затоа што секој вид на забрана може да биде контрапродуктивна. Ако на пример вашиот тинејџер сака да оди на состанок или во кино со симпатијата, а вие мислите дека е премлад(а) за да му дозволите да излезат сами, не почнувајуте веднаш со забрани. Предложете да повикаат уште една двојка од друштвото.

Бидете добар слушател

Иако знаете дека она што го зборува вашиот тинејџер нема премногу смисол или чувствувате потреба да му кажете дека нешто не е важно, воздржете се. Слушајте што има да ви каже вашиот тинејџер. Обрнете внимание на се што ви раскажува за својот симпатија. Чувството дека го разбирате ќе делува позитивно врз него.

Ова е многу важно затоа што примедбите и критиките можат да доведат до тоа вашето дете да престане да ви се доверува. Бидете рамо за плачење, некој што ги поддржува, но и некој кој им дава простор кога им е потребно.

Здрава основа за понатаму

Првото вљубување и првата врска можат да остават длабока трага во животот на вашиот тинејџер и битно да влијаат врз неговата самодоверба. Речиси е извесно дека првата љубов ќе биде болна, но кога на вистински начин ќе се надмине тој првпат, голема е веројатноста дека влегувањето во некои посериозни врски во иднина, за вашето дете нема да претставуваат стрес.

[better-ads type='banner' banner='999' ]