Трудниците мора да внимаваат со лековите против болки

Трудниците кои земаат лекови против болки до 20-тата недела од бременоста, имаат поголем ризик од спонтан абортус, утврдиле научниците од Универзитетот Монтреал.

0
869

Трудниците кои земаат лекови против болки до 20-тата недела од бременоста, имаат поголем ризик од спонтан абортус, утврдиле научниците од Универзитетот Монтреал.

Истото се однесува и на лековите со парацетамол, како што е аспиринот. Иако на овие препарати стојат јасни предупредувања за штетноста во текот на бременоста, на секои шест трудници, една трудница овие лекови, сепак, ги зема, предупредиле монтреалските стручњаци, по истражувањето со кое се опфатени 47.000 луѓе.

Канадските истражувачи наведуваат дека не се сите лекови еднакво опасни, а кога често се користи „диклофен“, ризикот е тројно поголем. Тие посебно ги предупредуваат жените кои континуирано земаат лекови за ревматоиден артритис или лупус, внимателно да ја планираат бременоста и со својот лекар однапред да ги разгледаат можностите на лекувањето во текот на бременоста. 

Фото: www.novosti.rs

[better-ads type='banner' banner='999' ]