Треба ли да ги фалиме децата или не?

Едни велат дека пофалбите ќе ги поттикнат да бидат уште подобри, додека други сметаат дека честите пофалби за нивните способности, водат кон разгаленост. Како тогаш да постапуваме?

0
255

Ова е една од темите кои веќе подолго се провлекуваат низ сознанијата за воспитување и родителство, а иако секој родител го фали своето дете доколку почувствува дека е потребно, сепак би требало да знаеме нешто повеќе за самите последици од пофалбите.

За тоа овие денови во списанието Psychological Science е објавено едно истражување кое вели: птетерано фалење води кон мамење. Значи, еве што велат з аова детските психолози.

Нормално е дека секој родител со гордост ќе го пофали своето дете кога тоа ќе направи нешто добро. Тоа го прават учителките во градинка, а подоцна и оние во училиште. И тоа го прават на редовна база. Понекогаш усмено, пред сите, понекогаш со ѕвездички и слични одлични оценки. Потоа родителите истата таа писмена пофалба ја фалат уште еднаш не размислувајќи за тоа дека можжеби прават некаква грешка која ќе влијае врз развојот на детето.

Можеби ќе ви изгледа нелогично да помислите дека со пофалба можете да им наштетите, но стручњаците очигледно мислат поинаку.

За да ги сфатат последиците од пофалбите, собрале 300 деца. Пола од нив имале по три години, а другата половина – пет години. Им дале едноставна задача па дел од децата добиле големи пофалби за својата интелигенција, дел е пофален заради одлично завршената задача, а добар дел од нив не добиле никаква пофалба. Потоа им задале на сите иста игра. Решението на задачата го оставиле на видливо место, само малку оддалечено од нив и ги замолиле децата да не препишуваат.

Што се случило?

Токму оние деца кои претходно добиле пофалби посегнале по решението веднаш штом возрасните ја напуштиле просторијата, што доведува до заклучок дека многу пофалби водат кон желба за мамаење, за да се добијат повторно пофалби без многу труд.

Очигледно е дека пофалбата мора да биде дозирана, за да не влијае на нивниот морален развој.

Ова значи дека родителите треба да им упатат пофалба дури кога навистина заслужуваат да се пофалат за некое големо дело или специфилна активност.

„Супер што се сети на тоа, браво, баш си брз во извршувањето на задачите“, и слично, а не само „Браво, ти си најпаметно дете на свет“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]