Точно или неточно? Класични заблуди за близнаците

Се зборува дека еднојајчаните близнаци имаат исти отисоци на прстите.

0
650

Има многу митови за еднојајчаните и двојајчаните близнаци, но дали сте сигурни дека знаете кои се точни, а кои лажни?

Еднојајчаните близнаци се работа на генетиката

Неточно: Двојајчаните близнаци знаат да се „повторуваат“ во новите генерации на некои семејства, но еднојајчаните близнаци немаат врска со генетиката, велат научниците.

Еднојајчаните близнаци имаат идентична ДНА

До некаде точно: Еднојајчаните близнаци имаат 99,999999 % заедничка ДНА, поради што се разликуваат во некои дребулии како што се на пример, младежите. Како што известува The Bump, истражувачите дури нашле идентичен близнак кој носел ген на болести кој неговиот брат го немал.

Близнаците прескокнуваат една генерација

Неточно: ниедно истражување досега не докажало дека раѓањето на близнаци зависи од одредена генерација. Ако вашите родители имале близнаци, тоа не значи дека вие не можете да ги имате.

Животните можат да ги разликуваат идентичните близнаци

Точно: Истражувањата покажале дека тренираните полициски кучиња можат да ги распознаат идентичните близнаци дури и тогаш кога луѓето не можат да воочат никаква разлика.

Близнаците од различен пол секогаш се двојајчани

Вистина: Со оглед на тоа што еднојајчаните близнаци делат исто јајце, секогаш се од ист пол.

Идентичните близнаци имаат исти отисоци на прстите

Неточно: Секоја личност на светот има уникатни отисоци од прстите па така и идентичните близнаци.

[better-ads type='banner' banner='999' ]