Додека не добиете дете, веројатно мислите дека е пријателството се. Но доаѓа време кога повеќе нема да имате енергија и време за да толерирате раоти кои ви пречат.
Еве неколку типови на пријателки од кои жената најчесто се оддаечува кога ќе стане мајка:
Мајка со тесен поглед на свет
MОРАШ да доиш, МОРАШ да го вакцинираш детето, МОРАШ да користиш платнени пелени. Мајките кои мислат дека само нивниот став е исправен и притоа со сила ви ја наметнува својата волја, се први на листата пријателски од кои ќе се оддалечите.
Мајка која постојано е на диета и зборува само за тоа
Вишокот на килограми после породувањето не е ништо необично. На секоја жена ќе ѝ требаат доволно упорност, труд и време за да го врати своето тело во состојбата во која било пред бременоста. Но постојат мајки кои се постојано на диета, зборуваат само за тоа кој се здебелил, кој што би требало да јаде и како нејзината диета е најдобра. Понекогаш е и фрустрирачки и напорно да се има ваква личност во своја близина.
Дежурен судец
Мајка која само гледа кого може да осудува и се чувствува повикана на сите да им дели совети во секое време од денот и ноќта понекогаш може да биде напорно друштво. Постојат повеќе типови на мајки кои осудуваат, расистички, сексистички или на било кој друг начин.
Мајки кои постојано се жалат на партнерот
Сопругот кој остава чорапи на подот, поминува повеќе време во кафуле, отколку дома, не ги исполнува своите обврски или нешто друго. Овој тип на жени секогаш ќе најдат нешто за приговор. Секој ден. Оддалечете се од ваквите луѓе затоа што постојано ќе ве ставаат во непријатна положба, очекувајќи да заземете страна.
Кралица на драмата
Во секоја ситуација оваа мајка е подготвена од мува да направи слон. Малечка гребаница опишува како непоправлива повреда. Тоа со време почнува да оди на нерви.
Еднострана пријателка
Мајка која редовно ќе се сети на вас кога ѝ треба услуга, но кога вам ви треба помош, секогаш е во гужва. Ваквите „пријатели“ црпат премногу енергија.