Тажна приказна: Што може да се случи ако мајката нема млеко?

Оваа тажна приказна ја открива онаа втората страна од доењето, кога мајката навистина нема да добие млеко, но заради своето неискуство и незнаење едноставно не се откажува и не се осмелува на бебето да му понуди шише.

0
2469

После пет години тагување и ужасно чувство на вина по смртта на нивното тукушто родено синче, една мајка од Австралија конечно се одважила јавно да ја раскаже својата тажна приказна за да ги предупреди и другите мајки на еден „вечен“ проблем кои многу мајки го решаваат со дохранување, со вештачко млеко во шише.

„Пет долги години тагувам и се срамам, но повеќе не ме интересира дали некој ќе ме осудува или не. Дојде време да ја раскажам својата приказна“, напишала оваа мајка објаснувајќи дека нивното бебе по раѓањето постојано плачело. Забележав дека немам млеко, но сестрите ме тешеа и ми велеа да не се грижам и да бидам трпелива.

И не се откажувала, наспроти болките и лековите после царскиот рез, првите 24 часа од својот живот нејзниното малечко буквално 9 часа поминало на нејзините гради. Ако не влечел, тогаш плачел, а дури и откако мајката се пожалила дека нема млеко, дури и откако педијатрите сфатиле дека малечкото губи на тежина – сето тоа го сметале за нормално па за помалку од три дена ги пуштиле дома. И натаму ја храбреле да биде упорна и дека млекото ќе надојде.

„Уште тогаш требаше да знам дека е мојот инстинкт добар, но како да го послушам кога немав никакво искуство и бев млада мајка, без знаење како навистина оди сета работа со доењето. Знам за примери на „лошо“ млеко, знам дека на многу мајки млеко едноставно не им доаѓа, но постојано ми беше во глава нивната утеха дека е тоа сосема нормално бебето да е постојано на дојка“, вели оваа мајка која продолжила да го дои своето синче во надеж дека бебето конечно ќе се нахрани.

„Толку многу сакав се да е природно и како што треба. Дури и биравме болница во која ќе се породам, а во која се пропагира природно хранење и навистина не ни помислував што би можело да се случи“, признала оваа мајка чие искуство можеби ќе им помогне на другите мајки да размислат два пати ако се најдат во слична ситуација.

Нивното синче на крајот починало и тоа за кратко време. Имено, во рок од 12 часа по доаѓањето дома, бебето цицало и цицало и на крајот, заради недостаток од млеко, толку дехидрирало што доживеало срцев удар како последица од дехидрација, а потоа настапило и кобно оштетување на мозокот кое почнало да настапува веднаш по срцевиот удар.

Оваа мајка раскажува дека во тој момент помислила дека бебето конечно успеало да се нацица и да заспие, но наеднаш тоа посинело и го изгубило пулсот. Итно го однеле во болница кадешто поживеало на апарати уште 15 дена, но оштетувањето на мозокот било преголемо за да се опорави.

„Дури тогаш една сестра од неонатологија ми даде совет: Дојката е дојка, но ако не сте сигурни дека бебето добро јаде имајте при рака и шипшенце. Така барем ќе знаете колку испило и пробајте да заклучите дали неговото плачење е навистина оправдано или се ќе се среди за некое време. Да ми го кажеа тоа барем на време, денеска ќе славеше пет години“, вели оваа мајка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]